Пон - Саб 11:30 - 19:30

Раст и развој на Центарот за едукација и личен развој „УВИД“

Центарот за едукација и личен развој „УВИД“ е основан во 2022 година со основна дејност – едукација и тренинг од областа на Гешталт терапијата, како и психолошко советување во областа на брак и семејство, разрешување на конфликти, стрес менаџмент и групна психотерапија.

Основач и управител на „УВИД“ е Розета Паскалиева, доктор на науки во областа на социјалната психологија,
ЕАГТ сертифициран Гешталт терапевт, тренер и супервизор.

Центарот од самиот почеток соработува со Советувалиште за хумана соработка (СХС), основано 1998г. Управител и сениор тренер во СХС е проф. Благица Ризоска Ваниќ, ЕАГТ и ЕАП сертифициран тренер, терапевт и супервизор. Во тренингот се вклучени Гешталт тренери и надворешни соработници кои со својата професионалност и искуство придонесуваат за квалитетот на едукативниот процес кој континуирано се одвива.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top