Првата група која работеше на полето на Гешталт едукацијата во Македонија ја организираа Младен и Надежда Костиќ, специјалисти по медицинска психологија и Гешталт терапевти од Белград, РСрбија. Групата ја започнала едукацијата во месец април 1985 година и броела 22 члена (психолози и психијатри).
Во периодот од 1985 до 1991 година Биљана Копрова – специјалист по медицинаска психологија, ја заврши едукацијата и се стекна со сертификат за Гешталт терапевт. Потоа, заедно со нејзината колешка Снежана Цакирпалоглу – специјалист по медицинска психологија и Гешталт терапевт, почнуваат да водат група за Гешталт едукација. Од 1991 година Копрова континуирано водела искуствено едукативни групи за Гешталт едукација, се до 2020 година кога замунива во пензија.
Како посебно значајни за Копрова се издвојуваат следниве години:
- 1994г. го основа првото Здружение на Гешталт терапевти во Македонија
- 1998г. станува индивидуален член на Европската асоцијација за Гешталт терапија
- 1999г. Здружението на Гешталт терапевти на Македонија стана член на ЕАГТ
- 2006г. се стекнува со европски сертификат за Гешталт терапија, кој е прв во Македонија
- 2008г. Здружението прерасна во Македонска национална асоцијација за Гешталт терапија (МНАГТ).
Копрова и дел од нејзините ученици беа иницијатори и организатори за преведување на базичната литература од областа на Гешталт терапијата на македонски јазик.
Во рамките на едукацијата која се одвивала во групите, Копрова организирала и работилници со интеранционални едукатори како: Младен Костиќ (РСрбија), Гизела Штајнеке (РГерманија), Харм Сименс (Холандија), Ричард Ломпа (Холандија) и многу други. Благодарение на несебичниот ангажман на Копрова, Гешталт терапијата е еден од најпознатите и најприменуваните тераписки правци во Македонија. Учениците на Биљана Копрова дадоа свој придонес во ширењето и популаризацијата на Гешталт терапијата во Македонија како и во унапредувањето на менталното здравје на пошироката популација.