За нас
УВИД – Центар за едукација и личен развој
Центарот за едукација и личен развој „УВИД“ е основан во 2022 година со основна дејност – едукација и тренинг од областа на Гешталт терапијата, како и психолошко советување во областа на брак и семејство, разрешување на конфликти, стрес менаџмент и групна психотерапија.
Основач и управител на „УВИД“ е Розета Паскалиева, дипломиран психолог, доктор на науки во областа на социјалната психологија, ЕАГТ сертифициран Гешталт терапевт и тренер. Едукацијата за Гешталт терапија ја завршува кај Биљана Копрова во периодот од 2006 – 2011 година. Истата ја применуваше во секојдневното работење во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, како и во приватната пракса. Таа сега е професор на катедрата за психологија на МИТ Универзитет и член на Универзитетскиот Сенат.
Центарот остварува соработка и со други Гешталт тренери и надворешни соработници кои со својата професионалност и искуство придонесуваат за квалитетот на едукативниот процес кој континуирано се одвива.