Чпп
Често Поставувани Прашања
Кои се најчестите прашања?
Што е најчесто прашуваат нашите клиенти?
Психологот е лице кое завршило Факултет за психологија. Може да работи во училишта, градинки, болници или работни организации. Во својата работа користи дијагностички тестови, а не препишува фармакотерапија за клиентите.
Психотерапевтот е лице кое, по завршувањето на факултет за психологија или некоја сродна наука, посетува дополнителна четиригодишна едукација за психотерапија. Може да работи во болници или во сопствена канцеларија. Во својата работа користи само психотераписки техники, а за клиентите не препишува фармакотерапија.
Психијатарот е лице кое завршило медицински факултет, а потоа и специјализација за психијатрија. Може да работи во болница или да води приватна пракса. На своите пациенти може да им препишува фармакотерапија и да им дава лекарски совети за подобрување на менталното здравје.
Доверливоста и етичноста се на прво место. Идентитетот, личните податоци и се што клиентот споделува со психологот/психотерапевтот на сесиите, останува строго доверлива професионална тајна.
Едукацијата за Гешталт терапија може да ја посетуваат студенти или веќе дипломирани на факултет за психологија, педагодија, социјална работа, медицина, дефектологија или некоја сродна наука.
Групата за личен раст и развој е наменета за сите полнолетни лица кои имаат потреба од себеспознавање, надминување на актуелни потешкотии и стекнување на нови навики за подобар живот и благосостојба.
На индивидуалните сеанси може да доаѓа секој што е полнолетен и има потреба од разговор за актуелните потешкотии со кои се соочува. Доколку станува збор за подобрување на партнерска релација, партнерите можат да доаѓаат заедно. Доколку станува збор за семеен проблем, може да доаѓа целото семејство. Доколку станува збор за потешкотии кај деца, истите потребно е да дојдат во придружба на родител.