Пон - Саб 11:30 - 19:30

Мисија и цели на УВИД

Мисијата на „УВИД“ е да ја популаризира психотерапијата со цел таа да стане општо прифатена можност на патот кон психолошката благосостојба. Исто така, има за цел да ја нормализира грижата за психичкото здравје односно да стане нормално за секој поединец кој има одредени психички потешкотии да разговара со својот психотерапевт исто како кога има одредени телесни потешкотии и разговара со својот матичен лекар.

Во однос на едукативните групи, Центарот има за цел да овозможи континуирана едукација преку организирање на работилници и семинари со домашни и странски искусни и професионални предавачи.

На тој начин ќе се изградат и оформат професионалци кои што преку вклучување во проекти на државно ниво ќе придонесат кон превенцијата на менталното здравје и ќе бидат обучени да им помагаат на граѓаните.

Центарот за едукација и личен развој „УВИД“ им нуди можност на сите кои се заинтересирани за психотерапијата како пат кон личниот раст и развој, а кои не студирале психологија или некоја сродна наука, да се стекнат со теоретски знаења и искуства од областа на гешталт терапијата, трансакциската анализа и системското семејно советување.

Исто така, „УВИД“има за цел да овозможи тренинг за Гешталт терапија, односно студентите кои се заинтересирани за овој психотераписки правец, да се стекнат со теоретски знаења за Гешталт терапијата како и знаења и свесност за сопствените потенцијали стекнати низ индивидуална работа на себе и во група. Текот на едукативниот процес и примената на целокупното знаење во практиката се под супервизија на сениор тренер.

Вотренингот се користи Гешталт тераписки метод на работа. Целокупниот тренинг се сфаќа како „процес“ на раст и развој на личноста кој се случува „сега и овде“ и зад тој процес стои секој поединец кој прави сопствен избор како „одговор“ на неговата потреба за сопствен личен или професионален развој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top