Пред започнување со искуствено – едукативниот тренинг од Гешталт терапија предвидени се неколку општи (генерални) услови кои кандидатите е неопходно да ги исполнуваат.
Предвидените услови за вклучување во едукативните групи се во склад со утврдените критериуми од Европската Асоцијација за Гешталт Терапија (ЕАГТ) и се во склад со специфичните критериуми на Македонската Национална Асоцијација за Гешталт Терапија (МНАГТ).
Условите за стекнување на правото кандидатот да се вклучи во тренинг групите и да се здобие со диплома за Гешталт терапевт кој клинички ќе ја применува Гешталт терапијата се следните:
- Да има завршено или да студира на Факултет за психологија, Факултет за социјална работа и социјална политика, Медицинскиот факултет, Специјалистички студии по психијатрија, Факултет за дефектологија, Факултет за педагогија или да е на магистерски или докторски студии од областа на психологијата и човековите ресурси;
- Да е психофизички здрав;
- Да е холистички и хуманистички ориентиран;
- Да има одредени познавања и увид во други психолошки правци, теории и психотераписки пристапи;
- Подготвеност за прифаќање и придржување кон критериумите на тренинг програмата и Етичкиот кодекс на УВИД.
За неклиничка примена на Гешталт терапијата, во склад со Универзалната декларација за човекови права, сите луѓе кои имаат потреба да се вклучат во искуствено–едукативните групи и да работат на сопствен раст и развој како и професионално да се надградуваат, „УВИД“ им нуди можност да стекнат дипломи за советник. Во овој случај следните услови треба да се исполнети:
- Да е психофизички здрав;
- Да е холистички и хуманистички ориентиран;
- Подготвен за прифаќање и придржување кон критериумите на тренинг програмата и Етичкиот кодекс на УВИД.


