Пон - Саб 11:30 - 19:30

Искуствено – едукативна тренинг програма за Гешталт терапија

Целите на искуствено – едукативната тренинг програма се првенствено насочени кон специфичностите на Гешталт теорија и Гешталт терапијата, што не ги исклучува и другите психотераписки теории и нивните специфичности.

Членовите на групите се мотивираат и поттикнуваат најпрво низ„лично искуство“ односно низ сопствен процес да ја доживеат Гешталт теоријата.

Низ лична работа на себе ги учат базичните Гешталт поими (контакт, граници на контакт, свесност, хоризонтален однос, дијалог, феноменологија, организмичка саморегулација) и го разбираат сопственото психолошко и социјално поле во кое живеат и начинот на кој функционираат во истото.

За да се остварат целите, искуствено – едукативната тренинг програма е направена во траење од четири до пет години и ги опфаќа следните елементи:

1.  Индивидуална психотерапија – 250 часа, односно

  • Индивидуален сетинг – 50часа
    • Групен сетинг – 200часа

2.  Теорија и методологија – 600 часа, односно

  • Искуствено учење и предавања – 400часа
    • Гешталт теориски семинари: предавања – 100часа
    • Гешталт теориски семинари сонадворешни тренери- 100часа

3.  Клиничка пракса со реални клиенти – 400 часа

  • Индивидуална, групна, двојки, фамилии, најдобро мешавина од сите наведени

4.  Супервизија– 150 часа

  • Индивидуална супервизија– 50 часа
    • Групна супервизија – 100часа

5.  Други активности– 50 часа

  • Презентација и превод на книги и списанија, учество на Гешталт Интернационални конференции и конгреси, индивидуална психотерапија и супервизија
  • Осум есеи: презентација
  • Презентација на теорија како завршен испит од првафаза – базично ниво
  • Презентација на студија на случај како дел од завршниот испит од втора фаза – напредно ниво
  • Повремени студентски групи без присуство на тренерите

Целата програма изнесува вкупно 1450 часа, несметајќи ги часовите потребни за читање литература, пишување на есеи, превод, приказ на теорија и студија на случај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top