Четиригодишната искуствено – едукативна програма за Гешталт терапија се одвива во два дела:
А) Прва фаза – базично ниво
Во оваа фаза каде што едукантите сè уште не се хомогенизирани, се работи на учење на групна култура, на градење на доверба во групата, психодинамика во групата, сопствени групни правила, справување со сопствената возбуда зборувајќи за себе пред други, „работа на себе“, споделување на своите искуства со другите, учење на давање и примање на фидбек, учење на почитување и прифаќање на различноста на секој член на групата, разбирање на хоризонталниот однос и дијалогот.
Особено значајно во овој период е сите членови на групата да ја доживеат и разберат моралната, етичка и хумана компонента на нивната идна професија – Гешталт терапевт.
Овој процес на учење го помагаат креативните Гешталт техники на експериментирање, спонтаност, дијалог, поддршка од Гешталт тренерот за целата група и на секој едукант поединечно. Во оваа фаза едукантите се запознаваат и со Гешталт теоријата користејќи ја Гешталт литературата.
Б) Втора фаза – напредно ниво
Во напредните групи повторно се дава предност на „личните работи на себе“. Едукантите тренираат улога на терапевт помеѓу себе преку многубројните Гешталт техники, го учат терапискиот процес зборувајќи и дискутирајќи за истиотпосле секоја лична работа, ги донесуваат на супервизија своите тераписки работи со реални клиенти, учат начин како се прави студија на случај, добиваат поддршка од сениор тренерот да развијат свој личен стил на работа, тренираат улога на водач на група, ја имплементираат Гешталт теоријата во Гешталт дијагностиката.