Пон - Саб 11:30 - 19:30

Програма за спроведување на едукацијата за Гешталт терапија

Програмата за спроведување на едукацијата за Гешталт терапија се одвива преку следните активности:

  1. Неделни и месечни средби: Гешталт теорија и методологија преку работа на себе и преку предавања.
  2. Индивидуална работа на себе со Гешталт терапевт (9-11 средби во прва и втора година, а 15-20 во трета и четврта година) Сеансата трае 60минути. Минимум 50 часа треба да се индивидуална работа.
  3. Работилници во траење од 2 до 3 дена: Гешталт теориски семинари и предавања со надворешни тренери (Едукантите овие часови ги добиваат и преку учество на интернационални работилници и конференции. Сениор тренер на СХС организира вакви работилници).
  4. Супервизија (Започнува во втората фаза – напредно ниво односно трета и четврта година. Се обавува индивидуално или групно. Минимум 50 часатреба да се индивидуално).
  5. Клиничко искуство со реални клиенти (започнува во втората фаза), за едукантот „УВИД“ може да обезбеди институција каде ќе ја изврши праксата. Сениор тренерот и другите тренери даваат дополнителни насоки кои се однесуваат на условите каде ќе се извршува праксата.
  6. Други активности – Учество во Гешталт Интернационални конференции и конгреси, индивидуална психотерапија, супервизија. Ако студентот немафинансиски можности да присуствува и учествува на интернационални конференции, овие часови може да се исполнат со превод на книги, пишување за Гешталт терапија во психолошки магазини и промоција на Гешталт терапија.
Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top