Програмата за спроведување на едукацијата за Гешталт терапија се одвива преку следните активности:
- Неделни и месечни средби: Гешталт теорија и методологија преку работа на себе и преку предавања.
- Индивидуална работа на себе со Гешталт терапевт (9-11 средби во прва и втора година, а 15-20 во трета и четврта година) Сеансата трае 60минути. Минимум 50 часа треба да се индивидуална работа.
- Работилници во траење од 2 до 3 дена: Гешталт теориски семинари и предавања со надворешни тренери (Едукантите овие часови ги добиваат и преку учество на интернационални работилници и конференции. Сениор тренер на СХС организира вакви работилници).
- Супервизија (Започнува во втората фаза – напредно ниво односно трета и четврта година. Се обавува индивидуално или групно. Минимум 50 часатреба да се индивидуално).
- Клиничко искуство со реални клиенти (започнува во втората фаза), за едукантот „УВИД“ може да обезбеди институција каде ќе ја изврши праксата. Сениор тренерот и другите тренери даваат дополнителни насоки кои се однесуваат на условите каде ќе се извршува праксата.
- Други активности – Учество во Гешталт Интернационални конференции и конгреси, индивидуална психотерапија, супервизија. Ако студентот немафинансиски можности да присуствува и учествува на интернационални конференции, овие часови може да се исполнат со превод на книги, пишување за Гешталт терапија во психолошки магазини и промоција на Гешталт терапија.


