Пон - Саб 11:30 - 19:30

Начини на работа (видови на активности) во едукативната група за Гешталт терапија

Искуствено – едукативната тренинг програма од Гешталт-терапија вклучува:

1.  Индивидуална терапија

Во текот на Гешталт едукацијата, едукантите имаат обврска да одат на индивидуална терапија за да ја почувствуваат улогата на клиентот и делувањето на Гешталт психотерапијата. Исто така, идејата е да научат повеќе стилови на различни терапевти за да им помогне да го пронајдат сопствениот начин на психотераписка работа.

2.  Супервизија

Супервизијата како компонента на едукација во Гешталт терапијата е многу важен дел од тренингот и се вклучува во третата и четвртата година од тренингот. Исто така, супервизиската работа е составен дел и на рабоата на едукантите во клиничка пракса како и на работата на терапевти-почетници.

3.  Група на едуканти

Членовите на групата во текот на својата едукација независно и самостојно се состануваат без присуство на сениор тренерот и разговараат за посебни теми кои се појавиле во текот на состаноци, работилници, семинари, припрема за презентација на есеј, литература, студија на случај, завршен испит итн.

4.  Тренинг на тренери-3та фаза од искуствено–едукативна тренинг програма

Со цел да се подобри квалитетот на психотераписката работа кај едукантите кои завршиле Гешталт едукација се организираат работилници во кои се вклучени само завршени Гешталт терапевти кои понатаму ќе бидат вклучени во тренинг програмата како тренери јуниори.

5.  Гешталт работилници

Во текот на Гешталт тренингот се организираат повеќе пати годишно (спрема финансиските можности на едукантите) Гешталт работилници кои ја разработуваат теоретски и искуствено Гешталт теоријата и методологијата.

6.  Работилници од други психотераписки правци

Овие работилници се организираат со цел едукантите да се запознаат со базичните теоретски поставки на различните психотераписки правци

  • Психодрама
  • Трансакциска анализа
  • Системска и семејна терапија
Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top