Пон - Саб 11:30 - 19:30

Едукација за Гешталт терапија во Скопје

3,600.00 ден

Месечно

Центарот за едукација и личен развој „УВИД“ организира едукација од Гешталт психотерапија во Скопје.

Работиме согласно програмата на ЕАГТ. По завршувањето на едукацијата, едукантот добива звање Гешталт психотерапевт сертифициран од Европската Асоцијација за Гешталт Психотерапија, како и сертификат кој е меѓународно признат.

Членовите на групите се мотивираат и поттикнуваат најпрво низ „лично искуство“ односно низ сопствен процес да ја доживеат Гешталт теоријата.
Низ лична работа на себе ги учат базичните Гешталт поими (контакт, граници на контакт, свесност, хоризонтален однос, дијалог, феноменологија, организмичка саморегулација) и го разбираат сопственото психолошко и социјално поле во кое живеат и начинот на кој функционираат во истото.
За да се остварат целите, искуствено – едукативната тренинг програма е направена во траење од четири до пет години и ги опфаќа следните елементи:
1. Индивидуална психотерапија – 250 часа, односно
• Индивидуален сетинг – 50 часа
• Групен сетинг – 200 часа
2. Теорија и методологија – 600 часа, односно
• Искуствено учење и предавања – 400 часа
• Гешталт теориски семинари: предавања – 100 часа
• Гешталт теориски семинари со надворешни тренери – 100 часа
3. Клиничка пракса со реални клиенти – 400 часа
• Индивидуална, групна, двојки, фамилии, најдобро мешавина од сите наведени
4. Супервизија – 150 часа
• Индивидуална супервизија– 50 часа
• Групна супервизија – 100 часа
5. Други активности – 50 часа
• Презентација и превод на книги и списанија, учество на Гешталт Интернационални конференции и конгреси, индивидуална психотерапија и супервизија
• Осум есеи: презентација
• Презентација на теорија како завршен испит од прва фаза – базично ниво
• Презентација на студија на случај како дел од завршниот испит од втора фаза – напредно ниво
• Повремени студентски групи без присуство на тренерите

Целата програма изнесува 1450 часа, не сметајќи ги часовите потребни за читање литература, пишување на есеи, превод, приказ на теорија и студија на случај.

Присуство

Физичко присуство, Следење онлајн

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Едукација за Гешталт терапија во Скопје”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top