Пон - Саб 11:30 - 19:30

Изменета состојба на свеста – Никола Тесла

Главната работа со која Никола Тесла ја ги шокираше современиците е огромниот број на оргинални идеи, кои Тесла ги генерирал со небјаснива леснотија. И секако, шокантното признание пред научниците: „Јас не сум автор на овие идеи.“

Тој беше обично дете, ништо посебно. Сѐ се променило преку ноќ, кога погинал неговиот сакан брат. Тој страшен удар, буквално го променил животот на Никола. Почнале да му се појавуваат неподносливи ноќни кошмари. Со силата на волјата, детето започнало да ги заменува страшните слики со други слики. Во почетокот тие слики биле слики за светот во кој живеел. Но во одреден момент, на свое изненадување тој почнал да излегува надвор од познатата реалност.

„Така започна моето менатлно патување. Во почетокот слабо, но потоа сѐ подобро гледав нови места, градови, земји. Живеев таму, запознавав луѓе, стекнав приајтели. Тешко е да се поверува, но тие ми се исто така даги како и моето семејство, и исто се толку реални.“

Еве што напишал научникот за своето прво искуство на „изменета состојаба на свеста“:

„Се борев со овој проблем неколку години. Тоа беше прашање на живот и смрт. Знаев дека ќе умрам ако не го решам. Мојот ум беше затегнат до крајни граници, и во еден момент се случи нешто незамисливо – го слушнав чукањето на часовникот во собата која е три соби подалеку од мојата, слетувањето на мува на масата, тапиот удар се повторуваше во моите уши, во мракот ја имав осетливоста на лилјаците и бев во можност да пронајдам некои предмети благодарени на некои трнења на моето чело. Сончевите зраци така го притискаа мојот мозок што речиси ќе се онесвестев. Кочијата која поминуваше далеку од мене го потресе моето тело и одненадеж видов блесок, како минијатурно сонце. И во еден момент на вистината се открив себеси. Тоа беше состојба на апсолутна среќа. Мислите ми одеа со бескраен тек, а јас едвај успевав да ги фиксирам.“

Такви состојби од време на време доживуваат многу создаватели. По правило се случуваат спонтано и неочекувано, како кај Теслиниот прв пат. Но Тесла подоцна научил да влезе во таква состојба на свеста кога ќе посака. Тој тврдеше дека може во било кој момент, во потполност да го исклучи својот мозок од надворешниот свет и во таквата состојба му доаѓа внатрешното гледање. На тој начин Тесла ги доведувал своите конструкции до совршенство.

Не ми се потребни модели, цртежи, експерименти. Кога се раѓаат моите идеи, јас почнувам со својата фантазија да ги градам уредите, ја менувам конструкцијата, ги усовршувам и ги вклучувам. И мене ми е потполно сеедно дали тестирањето на инструментите се одвива во некоја лабораторија или само во мојата глава, бидејќи резултатите ќе бидат идентични. За 20 години не сум имал ниту еден исклучок.“

Влегувајќи на тој начин во изменета состојба на свеста, тој можел да прими информации кои не се достапни. То му овозможувало, пред сѐ, да открие многу необични појави и работи, како и да гледа на светот од друга перспектива во однос на набљудувањето на обичните луѓе. А благодарение на тоа што можел лесно да преминува во нормалната состојба на свеста, тој можел сите информации да ги фиксира и да ги пренесе на луѓето.

Необјаснивиот извор на Теслините знаења сѐ уште е непозната и неистражена појава. Поимите „генијална интуиција“ или „просветлување“ апсолутно ништо не објаснуваат. Откаде тој ги црпел своите идеи?

„Мојот мозок е само приемник. Во Космосот постои некое јадро од кое ние го црпиме знаењето, снагата, инспирацијата. Не сум продрел во тајната на ова јадро, но знам дека постои.“

Тесла знаел како да се поврзе со овој извор, црпејќи ги од таму неопходните информации.

„Големата мистерија на нашето постоење допрва треба да се открие, а можеби ќе се покажедури и смртта дека не е крај

„Бев оддалечен два блока од мојата куќа, каде што лежеше болна мојата мајка. И одеднаш видов облак со ангелски лик. Еден од нив постепено го добиваше ликот на мојата мајка. Со ненадеен увид сфатив дека таа штотуку умре. И тоа беше вистина.“

Тесла верувал дека со смртта на човекот не умира и неговата духовна суштина, и со неа е возможно да се воспостави контакт.

„Нема сомнежи дека Тесла владеел со духовност од повисок ред“ – рекол за научниците познатиот индијски филозоф Вивекананда. Посетувајќи ја често лабораторијата на пронаоѓачот, тој рекол: „Тесла се однесува кон електричната енергија како кон живо суштество, разговара со неа и ѝ наредува.“

Тесла бил убеден дека сѐ во Универзумот, од Галаксијата до електроните, има своја свест. Дека Космосот е еден разумен жив организам. Тесла сметал дека Универзумот е интегрален организам кој се состои од повеќе делови кои се слични, но се разликуваат по различната фреквенција на вибрации. Секој дел е паралелен свет. Влегувајќи во резонанца со некој друг свет, ние како да отворамо прозор во тој паралелен свет. Така може да се патува низ Космосот.

Ова звучи фантастично и за нас, а не пак за Теслините современици.

„Колку луѓе ме нарекуваа фантазер, исмевајќи ги моите идеи. Тоа е нашиот заблуден и кратковид свет. Времето ќе ни суди.“

„Мојот проект е премногу пред времето во кое се појави.“

Тесла ги откажал понатамошните експерименти во Вондерклиф и ги уништил податоците кои ја откриваат суштината на откритието. Документот кој зборува за директната вмешаност на Тесла во тунгускиот настан, исто така не е пронајден а со тоа и прашањето за неговата „вина“ останува отворено. Остануваат тајна, во голема мера, и подоцнежните активности на генијалниот пронаоѓач. Јасно е само едно – посилна од амбицијата на научникот била неговата огромна одговорност.

Тесла не и служел на одредена земја. Него го интересирала судбината на човештвото. Сфаќајќи се себеси како дел од организмот на Универзумот, Тесла често повторувал: „Дејството дури и на најмалите суштества доведува до промена во целиот Космос.“

Проценувајќи го своето место во овој свет, генијот кој поседувал неверојатна технолошка моќ еднаш рекол:

„Јас можам да ја расцепам планетата Земја, но јас тоа никогаш нема да го направам. Мојата главна цел беше да укажам на новите појави и да ги ширам идеите кои ќе станат појдовни точки за нови истражувања.“

Никола Тесла – не е чудо, и не е гласник на други светови. Тој е еден од нас – човек кој повторно и повторно не доведува до вечното прашање: Кои сме ние? Од каде? Зошто? Кои се нашите можности?

Од филмот Никола Тесла – господар на светот

Превод: Розета Паскалиева

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top