Пон - Саб 11:30 - 19:30

Време е за зголемување на радоста и намалување на патењето – осма тајна

Време е за повеќе слобода и помалку страв. Време е да се присетите кои сте навистина. Кога секојдневно очекувате да ве направат среќни случувањата кои се надвор од вас, тогаш сте предодредени за неуспех. Предодредени сте за очајување. Вие од себеси правите жртва на околностите кои не можете да ги контролирате и сопствената состојба на радост и задоволство ја правите зависна од другите.

Односите со другите луѓе се огледало за вашата личност, а сите луѓе во вашиот живот се ваши учители. Саканите личности околу вас се како огледала. Ве приморуваат да во нив го видите се она што кај себе не го сакате и потоа ве наведувате да научите повеќе да сакате. Успорените луѓе ве учат на трпение. Бесните луѓе ве учат на еднаквост и смиреност.

Емоционално затворените луѓе ве учат на безусловна љубов. Нечесните луѓе ве учет на интегритет. Исплашените луѓе ве учат на храброст. Односите со другите луѓе често ќе предизвика во вас нелагодност бидејќи ќе ве примораат да во нив ги видите својот одраз. Особините кои кај другите не ви се допаѓаат често
отсликуваат делови од вашата личност со кои се уште не сте се помириле.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top