Пон - Саб 11:30 - 19:30

Време е за зголемување на радоста и намалување на патењето – седма тајна

Време е за повеќе слобода и помалку страв. Време е да се присетите кои сте навистина. Кога секојдневно очекувате да ве направат среќни случувањата кои се надвор од вас, тогаш сте предодредени за неуспех. Предодредени сте за очајување. Вие од себеси правите жртва на околностите кои не можете да ги контролирате и сопствената состојба на радост и задоволство ја правите зависна од другите.

Пред да можете вистински да дадете или да примите љубов од било кого, мора да се засакате себеси. Ако научиме како самите да биде заљубени во себе и со себе, ќе успееме да прв пат во животот доживееме вистинска љубов.
Морате веќе да бидете во состојба на љубов каде би можеле да имате било каква значајна емотивна врска. Љубовта не е нешто што можеме да го добиеме од некого. Тоа е состојба во која или сме или не сме . Вистински да се
сакате себеси значи да си дадете себеси дозвола да ја почувствувате сопствената љубов, да бидете во сопствената љубов. Кога и да чувствувате било каква радост, кога и да чувствувате било каква среќа, кога и да
почувствувате било каква љубов или добрина на своето срце, почитувајте го тоа како што ја почитувате својата сопствена љубав, како божјата љубов во вас. Тогаш ќе почнете да се сакате себеси. Тогаш ќе увидите дека сте вие љубов. Кога знаете како да себе одвнатре да се исполните , способни сте да со полно срце и со задоволство родено во вас да влезете и во емотивни врски со други луѓе и те тоа ќе го почувствуваат и на тоа ќе одговорат. Не можете вистински да ја натерате другата личност да се чувствува сакано доколку не е способна да се сака себеси. Нема да ја почувствуа ниту дека вие ја сакате.
Кога со нешто ја условувате љубовта кон себеси, се оневозможувате себеси да ја почувствуате таа љубов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top