Пон - Саб 11:30 - 19:30

Време е за зголемување на радоста и намалување на патењето – шеста тајна

Време е за повеќе слобода и помалку страв. Време е да се присетите кои сте навистина. Кога секојдневно очекувате да ве направат среќни случувањата кои се надвор од вас, тогаш сте предодредени за неуспех. Предодредени сте за очајување. Вие од себеси правите жртва на околностите кои не можете да ги контролирате и сопствената состојба на радост и задоволство ја правите зависна од другите.

Стравот ќе ве лиши од животноста. Затоа храброста направете ја поголема од стравот. Стравот не е содржан во искуството. Ние стравот го внесуваме во искуството. Вие сте тие кои одлучувате да во одреден момент го внесете стравот. Бидејќи избирате поради што ќе чувствувате страв, можете и да се предомислите. Кога чувствувате страв, обично не сте во сегашноста, а кога не сте во сегашноста, тогаш сте одвоени од храброста и вистинското собство. Ова е една од најважните пораки на шестте тајни. Доколку чекате вашиот страв да исчезне пред да се впуштите во нешто ново и предизвикувачко, ќе чекате засекогаш. Запамтете, можеби не можете да избирате дали ќе чувствувате страв или не, но можете да изберете дали сакате да се идентификувате со стравот или да бидете сведок на неговото постоење.

Кога и да почувствувате страв, кажете си на себеси: чувствувам страв, но јас не сум тој страв. Јас сум оној кој го приметува тој страв. Храброста е облик на љубов . Тоа е начин на пружање на љубов и пучитување на своето
вистинско собство. Најважната емотивна врска која било кога ќе ја имате се наоѓа во вас. Најважната емотивна врска на која и е потребно исцелување е во вас.
Личноста во која е потребно вистински да се заљубите, тоа сте вие самите. Љубовта не доаѓа во вашиот живот од надвор. Љубовта доаѓа од внатре. Вие сте извор на својата љубов. Вие одлучувате кога ќе си дозволите на себеси да ја чувствувате, а кога не. Но, љубовта која ја чувствувате, секогаш е ваша. Никој не може да ви даде љубов која веќе не ја поседувате. Никој на вас не ви дава љубов. Затоа и никој не може да ви ја одземе. Никој не може да ви придодаде ни малку љубов на вашата и никој не може да земе ни малку од вашата љубов. Вие во себе веќе имате ја имате во неограничена количина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top