Пон - Саб 11:30 - 19:30

Време е за зголемување на радоста и намалување на патењето – петта тајна

Време е за повеќе слобода и помалку страв. Време е да се присетите кои сте навистина. Кога секојдневно очекувате да ве направат среќни случувањата кои се надвор од вас, тогаш сте предодредени за неуспех. Предодредени сте за очајување. Вие од себеси правите жртва на околностите кои не можете да ги контролирате и сопствената состојба на радост и задоволство ја правите зависна од другите.

Вашиот ум создава доживувања на реалноста, па затоа спријателете се со
него. Мислата е креативна. Светот е таков каков што вие го гледате. Како што размислувате, такви и ќе бидете. Вашиот ум е бескрајно моќен. Со своите реакции, со толкувањата и проекциите, тој ја создава вашата реалност од момент во момент. Вашиот ум користи еднаква количина на моќ да ве
унесреќи и создаде чувство на неисполнетост, како и да ве усреќи и создаде
чувство на исполнетост. Вашата задача е да научите да го впрегнете својот
ум да работи за вас, а не против вас.

Изберете ги своите мисли наместо да дозволите мислите да ве изберат вас. Не морате да обрнувате внимание на секоја мисла која ви паѓа на памет. Научете како умот да го пренасочите кон насоката кон која вие сакате да
тргнете. Вашите негативни мисли за другите не можат да ги повредат другите. Тие ве повредуваат само вас. Вашите мисли се исто како магнет, ќе привлечат слични енергии. Научете да ги набљудувате своите мисли
неидентификувајќи се со нив. Мерата во која му дозволувате на стравот да гo контролира вашиот живот, е всушност мерата во која живеете како затвореник. Стравот се раѓа од љубовта и желбата на вашиот ум да ве
заштити од болка. Стравот глуми дека не штити од повредување, а всушност ни ја краде животната страст. Стравот не исчезнува. Вашиот став кон стравот се менува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top