Пон - Саб 11:30 - 19:30

Време е за зголемување на радоста и намалување на патењето – четврта тајна

Време е за повеќе слобода и помалку страв. Време е да се присетите кои сте навистина. Кога секојдневно очекувате да ве направат среќни случувањата кои се надвор од вас, тогаш сте предодредени за неуспех. Предодредени сте за очајување. Вие од себеси правите жртва на околностите кои не можете да ги контролирате и сопствената состојба на радост и задоволство ја правите зависна од другите.

Сите препреки се маскирани лекции. Почитувајте ги и научете ги. Ништо поделотворно не ни укажува каде сме западнале во замка, каде треба да напредуваме и таквите лекции мораме да ги научиме отколку тоа што го
прават препреките кои ќе ни се најдат на патот. Кога го мразиш она што ти се случува, знај дека се случува нешто чудесно, нешто важно, нешто што го менува твојот живот. Кога ќе го погледнете наназад својот живот, најважните денови нема да бидат оние во текот на кои ништо не се случувало. Ќе бидат тоа деновите кога сте изговарале: не можам да верувам дека ова ми се случува!
Без разлика на видот на болка која ја доживувате, влијанието на болката ќе биде ист. Болката ве буди од заспаноста. Ве приморава да обрнете внимание. Ве наведува подлабоко да се загледате во вистината. Кога ќе научите да ја барате вистинската смисла во своите препреки, тогаш ќе можете да ги искористите за личен развој и да добиете поклон кој тие за вас со себе ги носат.
Препреките не претставуваат непријател кој треба да го елиминирате, туку преправен пријател кој дошол до вас со дарови на мудрост и разбирање. Кога според овие дародавачи се однесувате како кон крадливци, се лишувате себеси од богатството кое тие се обидуват да ви го врачат. Препреките нема да исчезнат се додека не ве научат на она поради кое тие дошле. Огорченосата поради препреките никогаш нема да не оснаж. Вистинската снага произлегува од нашата способност во секое тешко искуство да ја најдеме лекцијата и даровите и бидеме благодарни за нив.
Најголемиот дел на вашето доживувањето на стварноста се одвива на нивото на вашиот ум. Она што го доживувате како стварно, во голема мера зависи од тоа што сметате за реално. Вашиот ум секогаш ќе бара докази кои ќе потврдат дека тој е во право.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top