Пон - Саб 11:30 - 19:30

Време е за зголемување на радоста и намалување на патењето – втора тајна

Време е за повеќе слобода и помалку страв. Време е да се присетите кои сте навистина. Кога секојдневно очекувате да ве направат среќни случувањата кои се надвор од вас, тогаш сте предодредени за неуспех. Предодредени сте за очајување. Вие од себеси правите жртва на околностите кои не можете да ги контролирате и сопствената состојба на радост и задоволство ја правите зависна од другите.

Смислата на животот е во тоа да се развиете во она најдобро можно човечко суштество. Тоа што оваа тајна не го кажува е дека е еднакво важно како и она што го кажува. Таа не кажува дека смислата на животот лежи во пронаоѓањето на вистинскиот партнер и во постигнувањето на успеси, или подигнување на семејство, или во давањето на вреден допринос кон работите на планетата. Или дури и во доброто чувство. Таа вели дека смислата на животот е во вашиот личен развој. Тоа е една од најосновните метафорички вистини. Оваа тајна вели дека животот на земјата претставува училница и дека сите ние сме ученици кои треба да совладаат одредени лекции. Со други зборови кажано, животот и не е замислен да тече глатко. Во него и не треба да биде се совршено. Ние треба да се соочуваме со предизвиците. Ние треба да поминуваме низ тешкотии. Овде сме за да учиме. Пораката на втората тајна може драстично да го промени вашето доживување на секој момент од
животот. Наместо да се оценувате себеси и својот живот во зависност од тоа колку се вклопувате во замислената претстава за тоа какви треба да бидете, ќе почнете да се проценувате себеси и својот живот во однос на тоа колку се развивате и колку учите.

Тоа е магичната формула со чија помош секој ден од животот може да стане прекрасен. Кога сметате дека смислата на животот е во она што го работите, добивате или постигнувате, секогаш се чувствувате како губитник, ако работите не се одвиваат по план. Кога ќе сфатите дека животот претставува училница во која успехот подразбира развивање во најдобро можно човечко суштество, почнувате себеси и своето искуство да
ги проценувате на потполно друг начин.
Втората тајна зборува дека е време да го промените своето гледиште за тоа што успехот значи за вас. Наместо својот успех да го дефинирате на основа на она што сте го постигнале или стекнале, зошто не би почнале да се
дефинирате на основа на тоа колку сте напредувале во личниот развој?

Кажете си себеси: Сакам да научам што е можно повеќе и да се развивам колку што е можно повеќе во било која ситуација која ќе ја доживеам. Тогаш тоа може да биде успешен ден, без разлика на тоа што ќе се случува на надворешно ниво. Бидејќи ќе биде важно како тој ден го проживувам одвнатре. Ако денес научите макар и една нова работа за себеси, тоа ќе биде успешен ден. Ако денес само една ситуација со друга особа ја решите некако подобро отколку како тоа порано го правевте, тоа ќе биде успешен ден. Ако денес бидете потрпеливи и посочувствителни со некоја особа и со себеси, тоа ќе биде успешен ден. Ако денес нешто подобро разберете или некого, тоа ќе биде успешен ден. Вие не грешите. Грешките не постојат. Постојат само лекции кои се научени и оние кои не се научени.
Многу е важно да се запамти една од најосновните животни тајни: постои разлика меѓу она што е пријатно и она што е добро. Само затоа што е нешто непријатно или создава непријатно чувство, не значи дека не е добро и корисно за вас. Во суштина, често најголема корист имаме од она што е најнепријатно. Промената е неизбежна и според тоа се во животот е непостојано и во непрекинато движење. Ништо не останува исто премногу долго. Колку енергија трошите на обидите да останете во рамките на зоната на комфорот, да се заштитите себеси од промени во животот или да ја спречите. Веројатно повеќе отколку сакате да признаете. Каков е резултатот? Истиот за сите нас. Кога се обидуваме да ги одржиме работите исти, често се држиме за луѓе и ситуации кои не ни се неопходни, а ги игнорираме можностите за промените кои се пред нас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top