Пон - Саб 11:30 - 19:30

Вадим Зеланд: Како да се извлечете себеси од Матриксот

1. Да се остави алкохолот, цигарите, да не се јаде месо. Да не се јаде брза храна. Во принцип, ништо да не се јаде надвор од домот. Пожелно е да се јаде сирова храна, ограничени количини на јаглехидрати и да се елиминира шеќерот. Да не се користат гуми за џвакање. Препорачливо е да се премине на миење на забите со забен прав – соединенијата на флуор во пастите за заби ја инхибираат функцијата на епифизата.

2. Да се исчисти дигестивниот систем. Пожелно е да се направи антипаразитско чистење. Да се исфрлат прекумерните лекови. Да се користи јод, брилијантно зелено и пероксид. Како во војска. Да не се оди на лекар. Во принцип – да престанете да верувате во болестите. Нив ги нема.

3. Да започнете да разговарате со телото. Телото, таа боженствена творба – има свој глас и своја свест, и секогаш кажува што му е потребно, а што не. Треба да научите да го уважувате телото. Потребата за храна со ниски вибрации е доказ за деформацијата во клеточната структура. Да воспоставите контакт со делови од организмот. Да се спријателите со нив и да им давате задачи за чистење, обновување и целосно преобразување на телото. Да разговарате со водата во текот на капењето. Замолете ја да го исчисти и внатрешниот дел од вашето тело, и заблагодарете и за тоа. Престанете да ги лакирате ноктите и да правите маникир, едноставно престанете да посетувате такви места со ниски вибрации како што се козметичките салони и фризерите. Да не одите со распуштена коса. Косата – таа е антена, таа ги собира во себе мислите од другите луѓе и непотребните информации. Распуштете ја косата само при општење со Севишниот, во медитација.

4. Секојдневно (можеби навечер) правете гимнастика, било која група на мирни вежби со медитативна музика. Користете мирисни свеќи и масла кои ги стимулираат чакрите.

5. Секојдневна прошетка 2 – 3 часа на воздух, по можност далеку од Матриксот. Да комуницирате со природата. Фокусирајте се на дишењето. Престанете да ги посетувате трговските центри, стадиони, демонстрации, задимените пивници и гламурозни места. Престанете да разговарате за другите со вашите пријатели, мочиња, жени. Избегнувајте ја непотребната комуникација.

6. Разгледајте ја целата ваша гардероба. Оставете ја онаа облека која е удобна, практична, неукрасена, од природен материјал. И маиците со фармерките, секако. Фрлете се црно. Сфатете дека тие работи веќе не се за носење. Раздадете го вишокот и засекогаш престанете да размислувате за модата и за тоа што да облечете. И каде да прошетате во тоа облечени, за да ве види некој, така среќни.

7. Носете што е можно помалку накит. Огрлици, ланчиња, нараквици, прстени, сето тоа ја врзува енергијата, го блокира нејзиниот слободен проток. Нешто слично треба да направите и со сите парфеми и козметика, шминки, теглички, шишенца.

Сѐ што е непотребно – во ѓубре.  

8. Исфрлете ја микробрановата печка, телевизија никогаш не гледајте (исфрлете го телевизорот). Исклучете ги од штек непотребните уреди во куќата. Отстранете ги сите непотребни жици. Не зборувајте на мобилен телефон (ако можете, целосно отфрлете го), исклучете го кога спиете, кога медитирате, и кога ве нема: кога сте, на пример, во друга димензија, или работите. Компјутерот – тешко е да се отфрли, разбирам. Но треба да се ограничи секоја глупост, читање на женски форуми, разни игрици.

9. Воспоставете совршен ред во собата, во куќата, во бавчата. Очистете ги сите агли, исфрлете сѐ што е непотребно, ама баш сѐ. Збогувајте се со сите искршени, лепени работи, расипани работи, ѓубре кое лежи на таванот или во подрумот. Доста со ѓубрето! Тоа што е надвор, тоа е и внатре. Поправете сѐ што е потребно. Чешмите не треба да капат. Засакајте го сето она што ве опкружува.

10. Простете им на сите и замолете ги и тие да ви простат. Сите оние кои насилно се појавуваат во вашата глава, како непоканети гости, и почнуваат со вас внатрешен дијалог, иако не сте ги повикале. Најчудната техника – Хоопонопоно. Проверено.

11. Комуникација со животните, билките и малите деца е многу поволна.

12. Потполно престанете да се грижите, за било што. Никаде не брзајте. Вие сте во вечноста. Не го игнорирајте тоа што изгледа необично.

13. Да се занимавате со творештво. Пишувајте, цртајте, лепете авиони, пејте, играјте, ништо не собирајте.

14. Насмевнувајте се. Секому, и секогаш!

Автор: Вадим Зеланд

Превод: Розета Паскали

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top