Пон - Саб 11:30 - 19:30

„Self in relation“ викенд семинар со проф.Питер Филипсон

!!!! КОНЕЧНО !!!!
Познатиот професор и Гешталт терапевт од Манчестер, Питер Филипсон за прв пат во Скопје!
УВИД – Центар за едукација и личен развој организира викенд семинар на тема „Self in Relation“ со проф.Питер Филипсон од Манчестер, Англија.
Семинарот ќе се одржи на 01.03.’25 од 09 до 17часот и на 02.03.’25 од 09 до 16часот.
Цената за едукантите и соработниците на УВИД е 100еур. Цената за останатите заинтересирани е 120еур.

За семинарот ќе биде обезбеден преведувач.
Пријавувањето е во тек, а бројот на места е ограничен.
Пријавете се навреме за да го обезбедите своето место!
Пријавување во инбокс или на телефон 078 246 172

м-рПитер Филипсон е гешталт психотерапевт и тренер,
наставен и супервизиски член на Институт за Гешталт психотерапија и обука во Британија, основач на Манчестер Гешталт центарот, редовен член на Њујоршкиот институт за
Гешталт терапија, виш тренер за GITA (Словенија), член на факултет IpsiG (Торино), советодавен член на одборот во Центарот за соматски студии, член и основач на ИГ-ФЕСТ и гостин тренер за многу програми за обука на меѓународно ниво.
Како психотерапевт има 37 годишно работно искуство. Тој е поранешен претседател на Меѓународната асоцијација за унапредување на Гешталт терапија. Питер е автор на книгiтe: „Self in relation“ издадена од Gestalt Journal Press, „The Emergent Self“ издадена од Karnac/UKCP, „Gestalt Therapy: Roots and Branches“ издадена од Karnac, „The ‘Active Principle’ in Gestalt Therapy and Other Essays“ издадена од Манчестер Гешталт Центар, како и многу други поглавја и статии.
Тој е учител (4-ти дан) по традиционално аикидо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top