Пон - Саб 11:30 - 19:30

„Kогнитивна дисонанца“ или „Едно збориш, друго правиш“

Дали некогаш сте имале чувство дека вашите активнсоти не се во склад со вашите верувања, морални вредности или поставени цели? Како резултат на тоа, можеби сте почувствувале внатрешен конфликт или нелагодност. Дали знаете дека постои посебен термин во психологијата токму за ваквата состојба? Се вика когнитивна дисонанца. Овој термин прв го користел Леон Фестингер во 1957.

Пример за когнитивна дисонанца може да биде кога личноста знае дека пушењето е штетно за нејзиното здравје, но продолжува да пуши. Ова креира конфликт помеѓу нејзината желба да биде здрава и нејзината зависност од пушењето.

Во вакви ситуации луѓето најчесто се обидуваат да ја намалата нивната ментална нелагодност со менување или оправдување на своите верувања, однесувања или замисли. Ова може да се постигне со менување на навиките во однесувањето, со барање на нови информации или со рационализација на ситуацијата.

Зошто е толку важно да се разбере значењето на когнитивната дисонанаца?

Бидејќи може да не води кон поголема свесност, личен раст и развој, како и кон донесување на потсвесни одлуки во текот на нашето секојдневие. Разрешувањето на внатрешниот конфликт ќе го прекине бесцелното трошење на енергијата и истата ќе можеме да ја користиме за постигнување на поставените цели како и за зголемување на задоволството во секојдневието.

Автор: Розета Паскали

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top