Пон - Саб 11:30 - 19:30

Ваш партнер на патот кон подобро ментално здравје

Заедно да ја создадеме Вашата
приказна со која ќе се гордеете!
УВИД

Центар за едукација и личен развој

Мисијата на „УВИД“ е да ја популаризира психотерапијата со цел таа да стане општо прифатена можност на патот кон психолошката благосостојба. Исто така, има за цел да ја нормализира грижата за психичкото здравје односно да стане нормално за секој поединец кој има одредени психички потешкотии да разговара со својот психотерапевт исто како кога има одредени телесни потешкотии и разговара со својот матичен лекар.

Во однос на едукативните групи, Центарот има за цел да овозможи континуирана едукација преку организирање на работилници и семинари со домашни и странски искусни и професионални предавачи. На тој начин ќе изгради и оформи професионалци кои што преку вклучување во проекти на државно ниво ќе придонесат кон превенцијата на менталното здравје и ќе бидат обучени да им помагаат на граѓаните. 

Грижата за твоето ментално здравје е твоја одговорност!

Дали повеќе ти одговара терапија во група или во индивидуален сетинг?

Едукација за Гешталт терапија

Едукација за сите кои сакаат да бидат идни Гешталт психотерапевти, согласно програмата на Европската асоцијација за Гешталт терапија

Група за личен раст и развој

Едукативна и искуствена група за личен раст и развој низ техники на Трансакциска анализа, Гешталт терапија и Системско семејно советување

Што клиентите велат за нас?

Не размислувај за она што го немаш.
Размислувај за она што можеш да го направиш со она што го имаш!

Закажете термин

Грижата за Вашето ментално здравје е Ваша одговорност.

Јавете се

+389 78 246 172

Работно време

Пон – Саб
(11:30 – 19:30 )

Scroll to Top