Феноменолошкиот метод прв го предложил Husserl (1931г.) како метод за истражување на природата на постоењето. Овој метод подразбира обид да се остане колку што е можно поблизу до доживувањето на клиентот, да се остане во овде-и-сега моментот и наместо интерпретирање на однесувањето на клиентот, да му помогнеме да истражува и да стане свесен за тоа како го разбира тоа што му се случува.
Кај овој метод постојат 3 главни компоненти: запирање, опишување и хоризонтализам.
Како се користи овој метод најдобро се објаснува преку пример.
Пример 1:
Терапевтот: Што се случува со тебе сега? Што забележуваш?
Клиентот: Забележувам онаму бела свеќа која ја осветлува сликата позади неа, што изгледа речиси како да е дел од самата слика.
Терапевтот: Како се чувствуваш додека го гледаш тоа?
Клиентот: Заинтересирано и среќно.
Терапевтот: Значи набљудуваш наоколу и чувствуваш задоволство од гледањето на нештата кои се во хармонија еден со друг.
Клиентот: Да, таков сум јас – сакам да гледам хармонија.
Терапевтот: Кога јас ја погледнав свеќата, забележав дека капе восок на масата и се запрашав дали би требало да сторам нешто. Значи твојата феноменологија во моментов е да гледаш хармонија околу тебе, а мојата е да забележувам проблеми кои можам да ги решам.

Пример 2:
Терапевтот: Забележав дека занесено гледаше низ прозорецот додека зборуваше за твојата жена.
Клиентот: Дали? Да, веројатно. Не мислам дека тоа е релевантна мисла. Можам да го видам врвот на она огромно дрво во паркот и изгледа дека е толку далеку, а тоа ми е некако смирувачки.
Терапевтот: На кој начин е смирувачки?
Клиентот: Не сакам да зборувам за ова – мојот брак. Не сакам да ти кажувам и тоа да биде реално и ти да ме гледаш и да бидеш заинтересиран. Јас чувствувам… уф, знам колку е глупаво… чувствувам некој вид на лутина кон тебе. Ти ми правиш да зборувам за тоа. Ти ме тераш да видам што навистина се сличува, а јас не сакам.
Терапевтот: Значи ти чувствуваш како јас да те терам ти да зборуваш за тоа. Јас ја имам таа моќ. Па затоа ти ми се лутиш и заминуваш кај врвовите на дрвјата.
Клиентот: Точно така. Значи, ако не можеш да дојдеш до мене таму горе, тогаш никој не може да ме натера да сторам нешто.
Терапевтот: Дали ова ти е познато?
Извадок од книгата „Вештини во Гешталт советување и психотерапија“ од Фил Џојс и Шарлот Силс.
Автор: Розета Паскали


