Основен концепт во гешталт терапијата е дека секој поединец во основата е здрав, поседува потенцијали за саморегулација и тежнее кон рамнотежа,здравје и раст. Се она што го помага процесот на формирање, деструкција и повторно формирање на гешталти се смета за здраво. Кај здрава особа организмичката саморегулација се остварува со свесен контакт , од околината која е потенцијално хранлива или токсична се зема она што е хранливо а се отфрла она што е токсично. Ваквиот контакт доведува до промени и раст. Контактот е динамичен процес – новите гешталти спонтано доаѓаат и се затвараат, а поединецот адекватно одговара на своите потреби како и барањата на околината. Во тој процес на раст и развој личноста се повеќе созрева надминувајќи ја потребата од поддршка од околината и развивајќи го се повеќе сопствениот потенцијал на самоподдршка. Зрелата личност е свесна дека не е самодоволна, таа превзема одговорност за себе, меѓутоа поседува и способност да на директен и неманипулативен начин бара помош и од надвор кога за тоа има потреба. Според гешталтистичкиот пристап под здравје се подразбира и превземање одговорност за себе и сопственото однесување. Одговорноста значи способност да се одговори на своите потреби, фантазии, желби и очекувања. Одговорноста исто така значи и способност да не се одговори на очекувањата, ставовите и да не се превзема одговорност за однесувањата на другите, што не значи да не се води грижа за потребите на другите луѓе.
Способноста да се одговори произлегува од себеприфаќањето , прифаќањето на околината таква каква што е ,и од зрелоста себе и другите да се видат реално.
Поединецот кој е слободен од незавршените работи од минатото, слободен од неприродните очекувања од иднината, во допир со присутните организмички процеси и во добар контакт со околината автентично ќе се изрази себеси.
Кога настанува нарушување на организмичката саморегулација се појавува анксиозноста. Во периодот од мојта 30 година па се до 40 година и случувањата во тој период јас се изгубив самата себеси и повеќе не се познавав. Бев во една состојба со постојана анксиозност. Бев обземена со емоции на тага , страв , несигурност , огорченост,лутина . Овие емоции живееја во мене неколку години за на крајот сега како едукант на гешталт психотерапија веројатно се десензитивизирам и продолжам да туркам низ животот како некоја сенка. Беа присутни и други позитивни модалитети на моите емоции во главно поврзани со моите деца но генерално ја немаше она позитивна искра кон животот, онаа движечка сила која претходно ме водеше низ животот .

Перлс разликува пет слоеви на личноста кои поединецот ги има околу својот автентичен селф :
Слој на клише : овој слој од мојата личност успешно си функционираше. Овој слој се однесува на однесување кое е најмалку специфично и поврзано со вистинската индивидуа. Тоа е однесување кое е научено според примерите од општествениот слој , професијата или семејните улоги. Во овој слој спаѓаат ритуалите и манирите, а го вклучува и површниот говор . Во овој слој се воспоставува многу површен, едноставен и оддалечен контакт.
Слој на играње на улоги ( ,,како да“ слој ) – се однесува на однесувања кои се во согласност со одредена улога која индивидуата ја има (глуми). Индивидуата игра игри , игра улоги , има „како да “ однесување,односно живее во склад со одреден концепт, фантазија или идеал , што се сведува на тоа да бега од самата себеси и избегнува контакт со себе и околината (на пр. мајка, дефектолог, сопруга, пријатна сосетка, ќерка итн ). Во периодот во кој се изгубив и овде добро се снаоѓав и одев низ животот. Живеев површно според одредена програма која ми беше прифатена односно според идејата каква треба да бидам . Јас бев грижлива мајка, вредна домакинка, добар и вреден работник, прекрасна снаа, жена за пример според општествените мерила.
Слој на блокирање (фобичен слој ) – претставува чувство на празнина ,што се карактеризира со фобичен страв и избегнување . Во овој слој индивидуата се среќава со она што таа е, а според надворешните влијанија кои ги интроектирала како свои без да ги соџвака, не би требало да биде. Кај мене беа присутни интроектите (во нашата фамилија нема разводи, мажите се такви како деца, жената треба да знае да го врти мажот, децата ќе фатат лош пат итн ). Во овој слој се наоѓа она од што бегаме, што одбиваме да бидеме, односно тука се наоѓаат отуѓените делови на личноста како и стравовите, болките, тагата како и сите други емоции кои довеле до играње на улоги , како и катастрофичните фантазии за тоа што ќе се случи доколу бидеме такви какви што сме. Индивидуата доживува како да нема излез од оваа ситуација ,во себе нема развиена и достапна поддршка , а дотогашната поддршка од околината повеќе не е функционална.
Имплозивен слој (слој на смрт ).Индивидуата се чувствува како да не е жива .Во овој слој јас се десензитивизирав . Возбудата не можеше да ги руши моите одбрамбени механизми или поточно не чувствував.Сега како гешталт едукант ја немав креативната ,движечката агресија за животот ,ја блокирав својата експресија. Во овој случај возбудата се свртува кон себе (ретрофлексија) и се манифестира со умртвување , стегање и психосоматски потешкотии (кај мене се појави губење на апетит со немање вкус на хранта , розоцеа – кожна автоимуна болест ,тахикардија и др). Емоции кои се јавуваат се тага, очај, страв, и омраза кон себеси . (обвинувања од типот :како може да сум толку наивана , како можев да направам таков избор и сл. ) се до одреден момент кога престанав да пружам отпор и да го прифатам тоа што е но и со истовремено покренување на мојата животна енергија која се појави како агресија (сега како едукант )кон истражување на самата себе и грижејки се за моите потреби , желби и очекувања (навлегување во експлозивниот слој на мојата личност ). Промените почнаа да се случуваат постепено самите по себе откако јас престанав да пружам отпор кон самата себе и почнав да превземам акции (парадоксалната теорија на промени која лично ја доживеав).
Експлозивен слој (слој на слободна енергија ) – кога имплозивниот слој ќе се разреши ,имплозијата станува експлозија ,слојот на смртта доаѓа во живот. Отпорот е решен , а чуватвата, однесувањето и потребите кои биле потиснати сега индивидуата може да ѓи доживее во потполност и да ги изрази слободно и адекватно . Во овој слој на личноста се јавува слободна енергија која дотогаш била попречувана. Постојат четири вида на „експлозија “ на слободната енергија : бес, радост, тага и оргазам.
Во овој слој јас станав свесна дека не сакам така да живеам и дека јас сум одговорна за самата себе . Почнав да ги истражувам своите потреби да читам книги од духовни лица , почнав да правам медитации (да го наслушувам моето тело и да си ги читам моите мисли како на телевизиски екран без да се впушќам во нивно анализирање , да вежбам и редовно да пешачам (активност која видно ми го подобри расположението), слушав мотивациони говорници ,почнав свесно да визуализирам за тоа каков живот сакам и каква се гледам во иднина , почнав да правам работи кои мене ме прават среќна и кои се од мој интерес. Почнав отворено да разговарам за она што ме тишти со моите најблиски , отворено да ги искажувам моите чувства (без чувство на срам, вина а воедно и без претставување на самата себе како жртва). Јас си ја повратив својата животна енергија почнав да се сакам самата себеси и да се борам и заземам за моите потреби . Низ целиот овој процес станав свесна и тоа го интроектирав како дел од мене (книга – Да се сака тоа што е – Бајрон Кејти )дека во универзумот има три вида на работи : моја , твоја и Божја работа. СТВАРНОСТА Е ГОСПОД затоа што таа господари. Се што е надвор од мојата контрола,твојата контрола или од чија било контрола е Божја работа . Освестив дека голем дел од мојот стрес потекнува од тоа што ментално живеам надвор од мојата сопствена работа(кога мислев дека мојот сопруг не треба да се коцка, не треба да пие, треба повеќе да се грижи за мене и да ме осреќува ,да биде посмирен итн – јас се мешав во неговата работа. Кога се грижев за земјотреси , непогоди па дури и за тоа до кога ќе живеам јас се мешав во Божјата работа.Она што го сватив е дека секој пат кога се чувствував повредена (улога на жртва ) или осамена во животот, јас се мешав во нечија туѓа работа . Почнав да се прашувам кога некој ( сопругот) си го живее неговиот живот а и јас ментално го живеам неговиот живот ТОГАШ се запрашав КОЈ ГО ЖИВЕЕ МОЈОТ ЖИВОТ? Бидејќи ментално се наоѓам во твојата работа , тоа ме спречува да бидам во сопствената . Станав свесна дека јас сум одделена од себеси а се чудам зошто мојот живот не функционира. Да мислам дека знам што е најдобро за некој друг значи да се занимавам со туѓа работа. Дури и во името на љубовта тоа е чиста ароганција , а резултатот е напнатост,вознемираност и страв. Дали знам што е исправно за мене ? Тоа е мојата единствена работа. Решив да почнам да се занимавам со тоа, и престанав да ги решавам проблемите на другите наместо нив.

При работа со Гешталт техниките се работи на проширување на свесноста на пациентите. При првиот обид пациентите се обично свесни за надворешните сетилни впечатоци. Подоцна таа област се проширува и ги опфаќа внатрешните и надворешните впечатоци. Со самото тоа што пациентот станува свесен за тоа дека е свесен, ја зголемува областа на своето можно дејствување. Тоа му дава поширока ориентација и поголема слобода за определување и дејствување. Со проширената свесност се остварува подобар контакт , бидејќи за контакт е неопходно ориентирање според моменталната ситуација во прилог на ова оди и тврдењето на Чарлс Дарвин „Не преживуваат најсилните видови или најинтелегентните туку оние кои се најприлагодливи на промените Со одговарањето на прашањата :„Што правиш, што сега работиш? Што чувствуваш? Што сакаш? Што избегнуваш? Што очекуваш? – ја прошируваме својата свесност. Одговорите на овие прашања на здрав начин допринесуваат за градењето на сопствената поддршка, а ние можеме да одговориме на нив онолку колку ни овозможува нашата свесност. Но во истиот момент со одговорите ја прошируваме нашата свесност. Со одговарањето на овие прашања се насочуваме да ѓи користиме сопствените моќи, одговорите не наведуваат да си ја признаеме сопствената одговорност, и не наведуваат да собереме сила и начини да се потпираме самите на себе. Со одговорите го чувствуваме своето ЈАС, бидејќи и се упатени на нашето ЈАС. Во Гешталт терапијата се истражува структурата, и кога ќе се разбере структурата дури тогаш може да се промени.
Автор: Мери Кузманова – студент во едукација за Гешталт терапија


