Увид – Центар за едукација и личен развој организираше промоција на книгата „Работа со лутината во психотерапијата“. Автор на книгата е англискиот гешталт терапевт Џон Бернард Харис, а автор на дополнителниот дел од книгата е англискиот професор и гешталт терапевт Питер Филипсон.
Преводот на книгата од англиски го направи д-р Розета Паскали, долгогодишен гешталт терапевт и тренер.
Издавач на ова значајно дело е УВИД – Центарот за едукација и личен развој, кој истовремено и ги обезбеди авторските права.
Промоцијата се одржа на 22 мај 2024година во 18 часот во просториите на Јавна соба (Public room).
На промоцијата д-р Розета Паскали одржа говор со кратка презентација за лутината како една од основните емоции кај човекот, а потоа присутните гости имаа можност да ја купат книгата со потпис и посвета од Розета.
Оваа книга претставува значаен учебник за сите психотерапевти, но и за сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за емоциите.