На 23.11.2025год се одржа Промоција на книгата „Внатре и надвор од кантата за отпадоци“ од д-р Фредерик Перлс.
Книгата претставува автобиографски мозаик од радост, тага, хаос и мудрост на човекот кој ја основаше Гешталт терапијата.
Преведувачи на книгата и презентери на промоцијата:
д-р Розета Паскали – гешталт терапевт и тренер
Данче Велов – гешталт терапевт во едукација
Издавач на книгата е УВИД – Центар за едукација и личен развој, кој воедно ги обезбеди и авторските права од издавачката куќа Real People Press од Америка.
Присутни беа сите љубители на психологијата, Гешталт терапијата, личниот раст и развој како и сите со отворен ум кои сакаа да дознаат нешто повеќе за ГОЛЕМИОТ ФРИЦ ПЕРЛС – основачот на Гешталт терапијата.
