Пон - Саб 11:30 - 19:30

ПАНИЧНИ НАПАДИ

Паничните напади се феномен на полето. Иако овој феномен се манифестира во личното страдање, тој е израз на релациона и социјална структура која не е во состојбаа да обезбеди потребна позадина за да може индивидуата да се справи со комплексноста на животот. За да се објаснат и лекуваат паничните напади, потребна е перцептивна позадина која е способна да одговори на полето.

Основната единица на Гешталт теоријата е полето организам/околина. Според ёперлс и соработниците (1951) поединецот и околината се нераздвоени ентитети кои заедно го сочинуваат полето претставено како функционален тотален систем. Однесувањето на огранизмот е функција на целокупното поле, кое ги опфаќа и организмот и околината, односно е функција на природата на нивниот однос. Добриот однос помеѓу организмот/селфот и околината/другиот овозможува психолошки здраво функционирање. Според Јонтеф (1995) не постои смислен начин на набљудување на особата во психолошка смисла без контекстот организам-околина, а исто така нема друг начин на набњудување на околината освен од перспектива на поединецот во таа околина. Без околината, емоциите, мислите и однесувањето на особата не би де организирале, концентрирале и насочиле, а исто така без особата како живо суштество со своја свесност, околината би била непостоечка.

Терминот организам во гешталт теоријата означува субјективност и животност. Организмот претставува тоталитет на сите суштински аспекти, делови или органи кои како комплетни единици функционираат во единките (Van de Riet &co. 1980/1985). Тој се однесува на целовитоста на било која единска, вклучувајќи ги нејзините биолошки и психолошки структури, функции и процеси. Организмот функциони=ра според принципот на формирање/деструкција на гешталти, а негова примарна функција е да биде свесен за внатрешните потреби, да ги регулира и да делув со околината за да ги задоволи истите. Ниту еден организам не е самодоволен, туку му е потребен свет/околина за задоволување на неговите потреби. Истовремено и околината има свои потреби и барања, на кои организмот пдговара и се прилагодува. Добриот однос помеѓу организмот/селфот и околината/другиот овозможува психолошки здраво фунционирање.

Во гешталт терапијата преку односот фигура-позадина е објаснета динамиката на потребите кои се јавуваат во даден момент. Во даден момент се појавува одредена потреба и таа го насочува целокупното внимание т.е. однесување. Тековната потреба се издвојува од позадината и ј претставува фигурата која е од најголем интерес за организмот во дадениот момент. Кога оваа потреба ќе биде задоволена, фигурата се повлекува во позадината, а новата потреба се појавува од позадината како нова фигура. Процесот на промена на фигура и позадина го претствува процесот на формација/деструкција на гешталти.

Природно овој процес се одвива флексибилно и креативно, но истиот може да биде трауматично и хронично попречен при што станува ригиден (фиксен) со недостаток на јасна фигура. Незабележаните потреби стануваат недовршени гешталти кои бараат внимание и го попречуваат формирањето на нови гешталти. Гешталт терапијатасе занимава со недовршени равботи во животот на особата, отстранувајќи ги препреките за формирање на витални, смислени и потполни фигура/позадина искуства во секојдневниот живот на поединецот. Секој може да толерира одредена количина на недовршени работи, но кога овие пречки ќе станат хронични или ќе преовладуваат тогаш стануваат проблем на кој треба да се работи.

Теорија на полето- Курт Левин ги проширува гешталт принципите од областа на перцепција на областа на мотивација, личност и групна динамика. Левиновата теорија се темели на основното начело на гешталт психологијата, а тоа е начелото на поле и сили во полето. Левин го дефинира полето како тоталитет на фактори кои се замислени како меѓузависни, однсосно тоа е целина во кое сите делови се во меѓусебен однос. Ниту еден дел од полето не може да се набљудува изолирано, туку само како дел од интегрирана, динамичка целина. Промените во еден дел од полето влијаат на сите останати делови од полето, а при тоа се менува и полето како целина. Акцент се става на процесите во полето, наместо на неговата статична структура. Основен елемент во полето претставува личноста, која е одвоена од остабнатиот свет со своите граници. Според ова, личноста треба да се сфати како нешто што истовремено е одвоено од останаиот универзум (диференцијација), но сепак е поставено во тој универзум(дел-целина). Личноста е во непрекината интеракција со својата околина, а од оваа интеракција произлегува психолошката реалност на таа личност, наречена психолошка околина. Личноста заедно со својата психолошка околина го сочинуваат т.н.животниот простор. Животниот простор го претставува психолошкиот универзум на поединецот, тоа е целина на психолошката реалност на поединецот која опфаќа физички и нефизички (други поединци) свет. Животниот простор не го опфаќа целокупниот физички универзум или свет, туку е само дел од него. Личноста и нејзината околина имаат структури кои непрекинато се менуваат-се променливо, ништо не е стабилно. Личноста во животниот простор може да заземе различни положби, а нејзиното однесување секогаш е последица на животниот простор. Според ова, за да разбереме одредена ситуација во која се наоѓа одредена личност, неопходно е да знаеме каде се наоѓа таа личност во своето психолошко поле или животен простор во даден момент(сега и овде).

Теоријата на германскиот психолог Курт Левин (1890-1947) беше под влијание на успесите на точните науки-физика и математика. Левин ја разви својата теорија за личноста  и и го даде името “психолошка теорија на поле”– едн лице живее и се развива во психолошкото поле на околните објекти, од кои секоја има одредено полнење(валентност). За секоја личност оваа валентност има свој знак, иако бо исто време има такви предмети кои имаат подеднакво приблечна или одбивна сила за секого. Влијаат врз една лиќност, предметите предизвикуваат потреби кај него, што Левин ги сметал за еден вид енергетски полнежи што предизвикуваат непнатост кај една личност.

Левин разликува два вида потреби- биолошки и социјални(квази потреби). Потребите за структурата на личноста не се изолирани, тие се поврзани едни со други, во одредена хиерархија. Оние квази потреби кои се меѓусебно поврзани можат да ја разменат енергијата што ја содржат. Овој процес Левин го нарекол комуникациј на наелектризирани системи. Способноста за комуникација е вредна затоа што го прави однесувањето на една личност пофлексибилна, му овозможува да решава конфликти, да надмине разни бариери и да најде задоволителен начин за излез од тешките ситуации. Оваа флексибилност се постигнува преку комплексен систем на заемни дејствија кои се формираат врз основа на поврзаните потреби. Така, едно лице не е врзано за одредена акција или метод за решавање на ситуација, но може да ги промени, ослободувајќи ја напнатоста што се појави во него. Ова ги проширува неговите адаптивни способности. Не само неврозите, туку и карактеристиките на когнитивните процеси (феномени како задржување, заборавање) се поврзани со ослободување или напнатост на потребите.

Не само моменталната ситуација, туку и нејзиното очекување, предмети што постојат само во свеста на една личност, можат да ја одредат неговата активност. Присуството на такви идеални мотиви на однесување му овозможува на лицето да го надмине директното влијание на полето, околните објекти “стојат над полето” што Левин го нарекол ова однесување со силна волја, за разлика од областа која се јавува под влијание на непосредната околина. Така Левин доаѓа до концептот на временска перспектива, која е важна за него, што го одредува човечкото однесување во просторот за живеење и е основа за холистичка перцепција за себе, минатото и иднината.

 Појавата на временската перспектива овозможува да се надмине притисокот на околното поле, што е важно за оние случаи кога некое лице е во ситуација на избор. Системот на образовни методи, особено казни и награди, е од големо значење за формирање на личноста на дтето. Сепак, оптимален е системот во кој на децата им се дава можност да изградат временска перспектива со цел да ги отстранат бариерите на даденото поле.  

Што е паничен напад

Поимот паника проилегува од името на грчкиот бог Пан, суштество получовек, полујарец, способно да предизвика ненандеен и неопислив страв во човечката душа. Според грчката митологија, Пан застанал на страната на Атињаните во битката за Маратон, присилувајќи ги Персијците да се предадат и побегнат. Тој исто така, понекогаш се појавувал покрај случајни минувачи, предизвикувајќи кај нив екстемен и ирационален страв. Во модерно време, Rabelais бил првиот кој го употребил терминот peur panique во 1534 и оттогаш овој термин има широка употреба низ цела Европа(Schmidt & Warner, 2002,стр.5).

Во клиничка смисла, потеклото на овој збор датира од поново време. Додека денес паничните напади се прецизно дефиниран симптом, кој може да се појави во различни состојби на анксиозност, во минатото тие биле класифицирани како акутни анксиозни кризи. Тие биле опишани како особено интензивни епизоди на анксиозност, обично без притоа да се обрне посебно внимание на феноменологијата на искуството или опишувањето на симптомите во детали.

Паничен напад е интензивно чувство на преплавувачки страв кој се јавува неочекувано, има силен интензитет и претставува исцрпувачко искуство за лицето кое го доживува. Честопати се појавува сосема неочекувано без јасна причина и предупредување. Може да се појави кога личноста одмара па дури и за време на спиењето. Може да биде толку ненадејно и интензивно и да направи личноста да се чувствува беспомошно, неспособна да се движи или да размислува јасно.

Паничните напади можат да се појават како дел од различни форми на анксиозно пореметување панично пореметување, социјална фобија, специфична фобија, посттрауматски стрес синдром или акутно стресно пореметување.

Паничните напади можат да се поделат во три категории, врз основа на времето на појавување на симптомите и нивните причинители

*Неочекувани панични напади, без предизвикувач од околинта. Тие се јавуваат без предупредување, одненадеж и не можат да се предвидат од личноста кај која се јавуваат.

*Панични напади предизвикани од ситуацијата во која се јавуваат, во која симптомите се предизвикани од појавата или антиципацијата на дразба од околината или специфичниот контекст.

*Панични напади кои се осетливи на ситуацијата во која симптомите се чести, но не постојани, предизвикани од изложување на специфични дразби или услови (на пр. Субјектот може да има паничен напад пред самото влегување во автобус, но не мора да има напад и во текот на самото патување).

Она што особата го прави во паничен напад е уште поголема паника. Самиот паничен напад има порака за особата. Најчесто укажува дека премногу особата собирала во себе, потиснувала емоции или извесно време акумулирала стрес и сега организмот се обидува да ја испразни таа енергија. Бидејќи анксиозност е во прашање, психотераписки особата потребно е да работи на неа за пронаоѓање на изворот и потеклото и да научи како да се справи со неа, тогаш симптомите ќе се намалат.

1.Наместо да си кажете “Не паничи” слободно дозволете симптомите да излезат од вас и да го чувствувате стравот. Натрупаната енергија има потреба да излезе од вас. Нека поминат низ вас симптомите без осуда. Бидете сам на себе набљудувач и кажете си:”Ова е уште еден напад, еве го повторно стравот. Ова е само страв, ќе му дозволам да помине”. Симптомите ќе се намалат за некое време, нема вечно да осттанат. А вие ќе стекнете самодоверба дека успешно сте се справиле со него, а и ќе видите дека тој не е опасен по живот.

2.Потрудете се намерно  сега да доживеете паничен напад. Сигурно нема да го доживеете. Но вежбајте го себеуверувањето дека тој е само интензивен страв кој ќе помине.

3. Во ситуација на дереализација и деперсонализација вратете се кон себе:”Кој сум јас?”, ”Што правам сега во овој момент?”, ”Што слушам сега, кои звуци?” Пуштете музика, играјте или пејте.

Не е лесно да се доживее паничен напад, но ако го разбереме на начин да организмот алармира за нешто и ние тоа го чуеме, тогаш редно е да го сослушаме. Доколку сами неможете, побарајте психолог, пссихотераапевт со кој низ процес на психотерапија ќе откриеме многу за себе и промените кои се потребни да ги направиме. Доколку е констатирано панично пореметување од психијатар, влегува и фармаколошка терапија во комбинација со психотерапија.

Дијагностика на паничен напад

Дијагностички критериуми за препознавање на паничен напад се следниве

Паничниот напад е краткотраен период на интенивен страв или нелагодност во кој се појавуваат минимум четири(или повеќе) од следниве симптоми кои се развиваат постепено и го достигнуваат својот максимум за 10 минути

-палпација, забрзана работа на срцето,

-потење,

-треперење или тресење,

-сензации на дишење во краток интервал или гушење, чувство на шокираност,

-болка во градите или нелагода,

-мачнина или болки во стомакот,

-чувство на збунетост, нестабилност, зашеметеност или несвестица,

-дереализација (чувство на нереалност) или деперсонализација (одвоеност од себе)

-страв од губење контрола или полудување,

-страв од смрт,

-парастезија (умртвеност или отрпнатост)

-морници или напади на топлина.

Наведената листа на симптоми и знаци претставува алатка преку која можеме да ги препознаеме и да направиме дескриптивна дијагноза на паничните напади.

Симптоми на паничен напад

Паничен напад е еден интензивен наплив на анксиозност, преплавување со физиолошки симптоми карактеристични за состојба на страв. Зголемувањето на адреналинот може да доведе до низа телесни симптоми меѓу кои забрзана срцева работа, забрзано дишење, слабост и нестабилност во нозете и чувство на таканаречени гумени нозе, вртоглавица, потешкотии со дишењето или глад за воздух поради спазам на мусулите на градите, честа е појавата на грутка во грлото, а поради можната хипервентилација може да дојде и до појава на дереализација или деперсонализација како пропратни феномени. Тоа што често ги плаши луѓето е тоа што тој напад се случува во ситуација кога организмот е мирен и тогаш почнува кругот да се врти. Повеќе нема контрола над мислите бидејќи тие под дејство на стравот ги создава особата уште повеќе катастрофични. И така доаѓа до момент особата да чевствува страв од стравот да не доживее уште еден паничен напад некаде надвор или да остане сама на некое место. Палетата на телесни симптоми е огромна и како резултата на тоа се јавуваа три доминантни страва и тоа страв од смрт, страв од губење контрола или полудување и страв од губење на свеста.

Нападот може да се јави еднократно или да има повторувачки епизоди на истиот. Во таквите ситуации кај личноста се јавува еден исчекувачки страв односно страв од стравот. Ваквиот круг во кој влегува личноста значително влијае на квалитетот на живот, бидејќи честопати се избегнуваат одредени места и активности кои го асоцираат лицето на првиот преживеан паничен напад. Неретко, кај многумина кои се соочуваат со панични напади доминира и потребата да не бидат сами, односно постојано да имаат покрај себе некој близок. Најчесто особата останува дома, бидејќи за неа дома е сигурна зона, ги избегнува социјалните контакти и дружења или пак оди на одредени места кои за неа се сигурни, познати, а одбива да прифати да оди на места помалку сигурни за неа илипак најчесто тоа да биде во близина на болница.

За оние кои се соочуваат со ова непријатно искуство можеби ќе биде корисно да знаат дека паничниот напад не е животно загрозувачки, симптомите својот најголем интензитет ќе го достигнат за десетина минути и потоа ќе почнат да се намалуваат.

Фактори за јавување на паничен напад

-натрупан/акумулиран стрес кој не е канализиран соодветно или пак акутен стрес

-хроничен умот, исцрпност на организмот

-интензивни физички вежби

-промена на средина

-болест(лична или во семејството)

-неразрешени внатрешни конфликти

-поголеми дози на кофеин и енергетски пијалаци и психотропни супстанции може да дадат симптоми слични на паничен напад бидејќи тие делуваат како стимуланси во организмот

Како да се справиме со паничните напади

Како и да се манифестира паничниот напад кај особата, во позадина стои ирационален страв и погрешна интерпретација на паничниот напад на кој особата треба да поработи со психотерапија, а во извесни случаи поекстремни и фармаколошка терапија препишана од психијатар. Најчеста препорака за справување со панични напади се разните модалитети на психотерапија. Кај дел од клиентите со проценка од психијатар се препишува медикаментозна терапија. Гешталт терапијата има особено долга историја во примена на личности кои се ригидни, склони на интелектуализација, анксиозни, перфекционисти, фобични и депресивни.  Често се користи кај личности со неурози, односно анксиозни нарушувања (панични напади), кај нарушувања на личноста како и кај проблеми на зависност од алкохол и дрога, со психосоматски заболувања, интрапсихички конфликти, кратки кризни интервенции, да им помогне на лицата со пост-трауматски стресни нарушувања. Гешталт терапијата наоѓа широка примена и во целиот опсег на потреби во областа на менталното здравје. Терапевтот го поддржува пациентот низ присуство, креативност и вештина, преку внимателно балансирање на границите со топлина, со влевање верба во моќта на меѓусебната средба. Терапевтот исто така треба да биде вкоренет во својата позадина на асимилирани мрежи на припаѓање и да биде отворен кон новото и креативното на полисот. Поради тоа, тој мора да раководи со многу ресурси:капацитетот низ знаење да допира до анксиозноста која е составен дел од битисувањето, да ја поддржува низ поставена позадина на асимилирани контакти од сопствената историја и креативно да ја трансформира низ отворање кон животот и кон другите во нова и континуирана повторна креација на доживување и значење.

Гешталт терапевтите очекуваат дека како резултат на нивната вклученост во гешталт процесот, клиентите ќе се подобрат на следните начини: зголемена свесност за себе; превземање на одговорност за нивното искуство отколку да ги прават другите одговорни за она што тие размислуваат, чувствуваат или прават; развивање на вештини и стекнување на вредности кои ќе им овозможат да ги задоволат нивните потреби без да се нарушат правата на другите; да станат свесни за своите сетила (мирис, вкус, допирање, слуѓање, гледање); да ја прифатат одговорноста за своите постапки како и последиците од истите; да се движат во насока на промена од надворешна поддршка кон внатрешна само-поддршка; да бидат способни да побараат и да добијат помош од другите и исто така да бидат во можност да дадат помош на другите.

Гешталт терапијата е ефикасна, позитивна и хуманистичка терапија. Таа им помага на приврзаниците (клиенти и терапевти) да станат одговорни за сопствените искуства  и да експериментираат со нови начини на однесување и размислување. Таа импомага да ги практикуваат и целосно да ги искусуваат клучните моменти и емоции во животот. Свесноста за клучните теми или обрасци ги охрабрува практичарите и клиентите да станат вистински и поотворени за транзиција или промена.

Автор: Билјана Колевска – студент во едукација за Гешталт терапија

Facebook
Twitter
LinkedIn

This page is Amazing

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top