Пон - Саб 11:30 - 19:30

Кој одлучува што е „нормално“?

Девијантното однесување претставува секоја човечка активност (дејствување, завземање на став или мислење) што се наоѓа значително над границата на девијантното просечно однесување одредено со општествените норми. Доколку ваквата активност во општествени размери е видлива, истата предизвикува спонтано или организирано негодување.

Но кој всушност одлучува за тоа дали нешто е погрешно или правилно?

Тоа е самото општество – нашето општество. Тоа ни кажува дека овој начин на однесување е прифатлив, а оној не е. Примерот според кој се заклучува за ова и она е нормата. Сите сме дел од нормите. Само се залажуваме себеси ако мислиме дека сме единствените кои живеат „по свое“.

Нормата е пример – обично во нашата глава – со кој споредуваме некого или нешто. Овде не ги посочуваме нормативните правила на посебни општествени сегменти на кои секој од нас припаѓа – како на пример: да се каже „молам?“ или „што?“, да се носи вратоврска или не?, дали вратоврската е украс или бескорисно парче платно, итн. И двата случаи можат да бидат „правилни“ во одредени услови. Тоа што е „погрешно“ е одредено со норми и правила на однесување кои ги наметнува групата на која сакаме да и припаѓаме.

Правилата од овој тип во извесна мера се произволни. Ние можеме повремено да ја менуваме својата предаденост на тие правила, но тие самите може да се сменат само ако многу луѓе покажат желба за поинакво однесување. Сите ние не сакаме да се однесуваме необично, но ако веќе се однеусваме така, тоа го правиме со јасна свест за тоа дека таквото однесување ќе биде очигледно. Бидејќи, како можеме да отстапуваме од нормалното ако не знаеме што значи да се биде „нормален“?

Тоа не мора нужно да биде она што е најдоброто ниту најлогичното, туку она што одговара на колективните желби и потреби.

Значи, дефиницијата за реалноста би била оваа:

тоа што мнозинството луѓе решиле дека така треба да биде!

Автор: Розета Паскали

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top