Пон - Саб 11:30 - 19:30

Животот се менува во она во што најмногу веруваме

Интересна статија на Џон Ашараф (John Assaraf), ко-автор на филмот „Тајна“, за научните докази за влијанието на мислите врз нашите животи. Добитниците на Нобелова награда во областа на физиката докажаа, без сомневање, дека физичкиот свет е еден океан од енергија кој се појавува и исчезнува после една милисекунда, пулсирајќи одново и одново. Нема ништо цврсто. Таков е светот на квантната физика.
Докажано е дека само мислата овозможува да ги собирами и да ги држиме заедно тие „објекти“ кои ги гледаме во тоа непрекинато променливо поле на енергија. Па зошто го гледаме човекот, а не трепкав облак од енергија?
Замислете филмска лента.
Филмот е збир од кадри со фреквенција од околу 24 сликички во секунда. Кадрите се раздвоени со временски интервал. Меѓутоа, поради брзината со која еден кадар заменува друг кадар, се појавува оптичка илузија и мислиме дека гледаме континуирана и подвижна слика.
Сега размислете за телевизијата.

Катодната цевка на телевизорот е едноставно цевка со мноштво електрони кои на одреден начин удираат во екранот и со тоа создава илузија за обликот и движењето. Тоа е она што се сите објекти во секој случај. Вие имате 5 физички сетила (за вид, слух, допир, мирис и вкус). Секое од овие сетила има одреден спектар (на пример, песот го слуша звукот во различен дијапазон од вас, змијата ја гледа светлината во друг спектар од вас и така натаму). Со други зборови, вашите сетила го перцепираат морето од енергија кое ве опкружува со одредена ограничена точка на гледиште и, врз основа на тоа, градат слика. Тоа не е потполна и не е сосема точна слика. Тоа е само интерпретација. Сите наши интерпретации се засноваат исклучиво на „внатрешната мапа“ на стварноста која се формира во нас, а не на објективната вистина. Нашата „мапа“ е резултат на
насобраното искуство во текот на животот. Нашите мисли се поврзани со оваа невидлива енергија и го одредуваат тоа што таа енергија го формира. Мислите буквално минуваат низ универзумот, честичка по честичка, при тоа создавајќи го физичкиот живот.
Погледнете наоколу. Се што гледате во нашиот физички свет започнало како идеја – идеја која растела како што била споделувана и изразувана, сè додека не пораснала доволно да може низ неколку фази да стане физички објект. Вие буквално станувате тоа за кое најмногу размислувате. Вашиот живот станува тоа во кое најмногу верувате. Светот е буквално ваше огледало, кое ви овозможува на физички план да го доживеете она што вие сметате дека е вистина за себеси… додека не ја промените својата точка на гледиште.

Квантната физика ни покажува дека светот околу нас не е нешто тврдо и непроменливо, коко што изгледа. Напротив, тоа е нешто кое постојано се менува и кое е изградено врз основа на нашите индивидуални и колективни мисли. Тоа што го сметаме за вистина е всушност илузија, речиси циркуски трик. За среќа, веќе почнавме да ја откриваме оваа илузија, и што е најважно, почнавме да ја бараме можноста за нејзина промена.
Од што се состои вашето тело? Човечкото тело се состои од девет системи, вклучувајќи го крвотокот, системот за варење, ендокриниот, мускулниот, нервниот, репродуктивниот, респираторниот, скелетниот и уринарниот систем.
Од што се состојат овие системи? Од ткива и органи.
Од што се состојат ткивата и органите? Од клетки.
Од што се состојат клетките? Од молекули.
Од што се состојат молекулите? Од атоми.
Од што се состојат атомите? Од субатомски честички.

Од што се состојат субатомските честички? Од енергија!

Вие и јас сме чиста енергија – светлост во најубавото и разумно отелотворување. Енергија, која постојано се менува под површината, но – под контрола на вашата моќна интелигенција. Вие сте едно големо ѕвесдено и моќно човечко суштество. Кога би можеле да се видите себеси под моќен електронски микроскоп и би
спроведувале други експерименти на себе, тогаш би се увериле себеси дека сте составени од огромна, постојано менувачка, енергија во облик на електрони, неутрони, фотони и така натаму. Слично на тоа е сето она кое ве опкружува. Квантната физика ни зборува за тоа дека самиот чин на набљудување на некој објект предизвикува да тој биде таму и таков каков што го гледаме. Објектот не постои независно од набљудувачот! Значи, како што гледате, вашето набљудување, вашето внимание на нешто и вашата намера буквално го
создава дадениот објект.
Тоа науката веќе го докажа. Вашиот свет се состои од дух, ум и тело. Секој од овие три елементи, духот, умот и телото, врши функција која е единствена за него и не е достапна за другите. Тоа што вашите очи го гледаат и тоа што го чувствува вашето тело е физички свет, кој ќе го наречеме Тело. Телото е ефект создаден според одредени чинители.

Тие чинители се Мислите. Телото не може да создава. Може само да чувствува и да биде почувствувано … ова е неговата единствена функција. Мислата неможе да се почувствува… може само да се замисли, создаде и објасни. Потребен и е светот на релативитетот (физичкиот свет, телото) за да може да се почувствува самата себеси.
Духот е Целото Суштество, тоа што им дава Живот на Мислите и Телото. Телото нема моќ да создава, иако прави таква илузија. Оваа илузија е причина за многу разочарувања. Телото е само резултат и не е во неговата моќ да биде причина за нешто или да создава нешто.
Главно, во сите овие информации постои можност за вас да научите поинаку да гледате на Универзумот, за да можете да го креирате сето она што е ваша вистинска желба.

Џон Ашараф

Превод на текстот: https://lifedeeper.ru/post/1234-zhizn-menjaetsja-v-to-vo-chto-vy-bolshe-vsego-
verite/

Превод: Розета Паскали

Facebook
Twitter
LinkedIn
Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top