Пон - Саб 11:30 - 19:30

Емоции, емоционална зрелост и емоционална интелигенција

Емоциите можеме да ги дефинираме како реакции на поединците на релевантни ситуации, кои предизвикуваат промени во афективното искуство, физиолошкото активирање и изразување и ги исполнуваат следните функции:адаптивни, мотивациони и социјални. Можеме да кажеме дека се манифестира на три начини искуство, физиолошки и експресивен и дека има позитивни и негативни емоции. Негативните емоции и покрај нивната предизвикувачка природа, имаат непроценлива мудрост. Со прифаќање на нивното присуство без осудување, можеме да стекнеме подлабоко разбирање за себе и за светот околу нас. Тие сигнализираат незадоволени потреби, нерешени конфликти и можности за личен раст. Затоа, справувањето со негативни емоции бара сочувствителен и проактивен пристап. Од клучно значење е да им пристапиме на негативните
емоции со љубопитност и сочувтсво, дозволувајќи им да ги откријат своите скриени пораки. Со грижа за себе, се храниме себеси и градиме отпорност за подобро справување со негативните емоции.
Емоционална зрелост
Постои еден психолошки индикатор кој покажува колку добро се справуваме со неочекувани (и
непријатни) настани кои создаваат емоционална непријатност и не исфрлаат од колосек кој се
нарекува емоционална зрелост и е нешто што можеме да го развиеме со време и со работа на
себе. Во непредвидливиот свет во кој жевееме, единствениот начин да напредуваме е да бидеме
доволно емоционално зрели за да ја разбереме важноста на приспособувањето како и гледањето
на секоја емоционална реакција како можност да научиме нешто важно за себе.
Емоционалната зрелост е процес низ кој учиме успешно да се движиме низ целиот емоционален
спектар, преземајќи одговорност за како се чувствуваме, преземајќи одговорност за другите и за
светот околу себе.
Емоционалната зрелост е една од основните состојки на среќен и исполнет живот бидејќи
емоционално зрелите поединци можат да негуваат здрави и автентични врски, кои се основен
услов за трјна среќа. Емоционалната зрелост вклучува и одреден степен на ментална
флексибилност. Начинот на кој ги доживуваме и толкуваме повремените неуспеси и несреќи со
кои се соочуваме во текот на животот е многу важен. Перцепцијата може да го засили или да го
намали емоционалното влијание што таквите настани може да го имаат врз целокупното чувство
на среќа и благосостојба. Не може константно и континуирано да ни се случуваат само убави
работи, па затоа е од витално значење да се справиме со неуспесите со трпение и сочувство
бидејќи тие се дел од шатувањето кое се нарекува живот, а не се крајот на светот.
Десет знаци на емоционална зрелост:
 Не држите лутина-Држењeто лутина кон луѓето не ги менува нивните ставови, ниту ви
помага да се справите со нивните навредливи забелешки или постапки.

 Не одлучувате според првиот впечаток-Многу луѓе веруваат дека првиот впечаток е се. Во
свет кој често се движи побрзо, се чини дека малкумина се уште имаат трпение да
запознаат некоја личност, а цената што се плаќа за замена на автентичните интеракции со
бесмислени први впечатоци е површност.
 Не барате совршенство- Многу добро знаеме дека совршенството е само збор кој нема
апсолутно никаква примена во реалниот живот бидејќи како и сите други, јас сум
совршено несовршено суштество кое и покрај тоа што правам грешки и на моменти
постапувам непромислено, продолжувам да се подобрувам себеси.
 Ги знаете вашите маани подобро од било кој друг-Уште еден знак за емоционална зрелост
е активно да работиме на своите маани бидејќи неможеме да очекуваме другите да ги
толерираат нашите карактерни недостатоци само затоа што ние ги препознаваме и
прифаќаме.
 Имате реална перспектива за љубовта и врските-Вашата перспектива за љубовта и врските
добиваат пореален тон и престанувате да верувате во љубов на прв поглед, а одвојувате
време да ги запознаете пред да направите какви било емотивни инвестиции бидејќи
потребно е време зада се развие довербата, комуникацијата и вистинска љубов врз кои се
градат трајните врски.
 Му посветувате внимание на детето во вас- Детето во нас може да биде одличен извор на
креативност, оригиналност и пријатни емоции. Одморот од животот на возрасните може
да биде доста ослободувачки бидејќи моментите на разиграност ни овозможуваат да
негуваме позитивни емоции и да доживееме чиста форма на среќа.
 Живеете живот исполнет со вредности-Животот воден од вредности е како компас кој ни
овозможува да се движиме во предизвикувачки ситуации без да се оддалечиме од
курсот.Вредностите и принципите негуваат стабилност и ги олеснуваат одлуките засновани
на лични верувања, а не на моментални емоционални импулси.
 Комуницирате со емпатија-Емпатијата е основен аспект на емоционалната зрелост.
Благодарение на емпатијата можеме да разбереме низ што поминуваат другите и да им
понудиме емоционална поддршка. Емпатијата е причината поради која паузираме и
размислуваме за чувствата на другите луѓе пред да кажеме нешто што може да се толкува
како навредливо или непочитувачко.
 Ги цените малите нешта во животот-Пронаоѓањето на радост во малите нешта е еден од
наједноставните начини да се постигне автентична и трајна среќа. Емоционално зрелите
поединци знаат дека не е потребно многу за да се негува ќувството на среќа и
исполнетост. Нивните животи се исти како и сите други, полни со подеми и падови, но се
единствена разлика што тие не дозволуваат да бидат влечени во неволја и негативност.

Најфасцинантниот (и предизвикувачки) аспект на емоционалната зрелост е одржувањето рамнотежа помеѓу фокусирањето на едноставните радости на животот и имањето евдаимонска перспектива за среќата.
Среќата како и емоционалната зрелост или професионалниот раст е доживотен процес.


Емоционална интелигенција
Помина времето кога интелигенцијата беше само резултат од некаков тест или бројка од некаква
IQ скала. Благодарение на модерната технологија, почнувајќи од најразлични скенови на мозокот,
па се до социјалните мрежи, науката дознава дека да се биде интелигентен значи повеќе од тоа
да се биде добар и исполнителен ученик и работник. Емоционална интелигенција можеби е еден
од најпопуларните термини во психологијата од почетокот на 21-от век.
Емоционалната интелегенција е способност на една личност успешно да ги идентификува и да се
справи со сопствените емоции и емоциите на другите. Емоционалната интелигенција претставува
свесност на личноста за сопствените емоции и можноста да се искористи таа свесност во
секојдневните ситуации.
Во светски реномираната книга Емоционална интелигенција се дефинира како твојата способност
да ги препознаеш и разбереш своите емоции и емоциите на другите, и твојата способност да ја
користиш оваа способност за себе за да го управуваш твоето однесување и меѓучовечки односи.
Непредвидливите и избувливи реакции алудираат на недостаток на емоционална регулација и
потреба за нејзино управување.
Уште во 1920-тите години, научникот Едвард Торндајкпрвпат напишал за нешто што го нарекол социјална интелигенција. Можност да ги разбираме и управуваме мажите и жените, девојчињата и момчињата, и оваа идеја се проширила многу брзо. Само 70 години подоцна, Питер Салови (претседател на Универзитетот Јејл) и Џон Мајер го креирале терминот емоционална интелигенција. До 90-тите години на 20-тиот век, емоционалната интелигенција влегува во свеста на поп културата благодарение на книгата од бестселер авторот Даниел Големан.
Емоционалната интелигенција е она што психолошките истражувачи го користат за да опишат колку добро индивидуалците можат да управуваат со сопствените емоции и да реагираат на емоциите на другите. Луѓето кои покажуваат емоционална интелигенција имаат повеќе вештини потребни во животот како што е управување со конфликти, читање и одговарање на потребите на другите и контролирањето на сопствените емоции.
Мерењето на емоционалната интелигенција е релативно нова област на психологијата. За прв пат започнала да се истражува во средината на 80-тите години. Во моментот се развиваат неколку модели од кои како најзначаен е таканаречениот мешан модел, развиен од страна на психологот Даниел Големан кој нуди пет клучни области:
*Самосвест го вклучува нашето знаење за сопствените чувства, точната проценка за што сме способни, кога ни треба помош и кои се нашите емоционални предизвикувачи. За подобрување на сопствената самосвест најпрво треба да си ги знаеме своите емоции, а потоа да го идентификуваме проблемот со кој се соочуваме.
*Самоуправување ја вклучува способноста да ги задржиме своите емоции под контрола за време на испади, спокојно да разговараме за несогласувањата и да избегнуваме активности како што се самосожалувањето и паниката. Откако ќе научиме како функционираат нашите чувства, можеме да започнеме со барање начини како да се справиме со нив. Правилното самоуправување значи контролирање на испадите, правење разлика помеѓу надворешни дразби и внатрешно претерување со реагирањето и правење она што е најдобро за нашите потреби. Еден од клучните начини за управување со сопствените емоции е да го промениме нашиот сензорен влез. Не секогаш можеме да го исконтролираме она што не прави да се чувствуваме на одреден начин, но можеме да контролираме како ќе реагираме. Доколку имаме проблем со контролирањето на сопствените испади треба да пронајдеме начини за смирување.
*Мотивација- Кога зборуваме за мотивацијата во однос на емоционалната интелигенција станува збор за внатрешниот порив да се успее во нешто. Даниел Големан вели дека ако сакаме да започнеме да ја користиме мотивацијата, мора прво да ги идентификуваме сопствените вредности. Многумина од нас се толку зафатени што немаат време да ги откријат овие вредности.
*Емпатија е вештина и практика за читање на емоциите на другите и соодветно реагирање.
Емпатијата е нашата најважна вештина за управување на сопствените односи и тоа е доживотна вештина.
*Социјални вештини вклучува примена на емпатијата како и преговарање на потребите на другите во однос на своите. Ова може да вклучува пронаоѓање на заедничка основа со другите, управување со другите во работната средина и способноста да бидеме убедливи.
Постојат одредени основни квалитети и знаци кои треба да ги поседуваме за да одредиме дека емоционалната интелигенција ни е на високо ниво, а со развивање на истите може да продолжиме да растеме не само нтелектуално, туку и емотивно. Колку повеќе сме поврзани со сопствените емоции толку подобро ќе можеме да се поврземе со другите и се грижиме за тоа како нашите постапки влијаат на другите луѓе и даваме се од себе за да избегнеме да предизвикаме повреда. Учиме да бидеме многу внимателни и паметни во изборот на зборови и реакции со што го подобруваме својот вокабулар и стил на комуникација за да бидеме сигурни
дека нашата порака ќе биде примена како што имаме намера. Да не се плашиш од промени е знак на емоционална интелигенција, а предизвиците се перцепираат како суштински дел од животот и како можност за раст. Ретроспекцијата е една од најдобрите практики во животот на емоционално интелигентните луѓе. Наместо да паничат, да се грижат дали се доволни за нова работа или да се збунат, тие паузираат и земаат здив. Давањето време за себе, да се смириме и подобро да ја анализираме ситуацијата е мудар избор што може да ни овоможи да избегнеме конфликт. Човечки инженеринг е клучен квалитет на вработените и менаџерите кои можат успшно да комуницираат, да преговараат и да водат. Никој не е совршен што значи прифаќање себеси
онакви какви што сме и нашата природа што значи дека ни се допаѓа напредокот и наместо да се измачуваме себеси избираме постојан раст. Да се биде наметлив и да се биде агресивен се две
различни работи. Ако треба да се залагаме за себе, тоа го правиме со почит без да покажуваме лутина или одвратност што претставува способност на контролирање на сопствените негативни емоции што не знали дека треба да ги криеме сопствените емоции туку им покажуваме, но на правилен и љубезен начин за луѓето околу нас за подобро да не слушнат. Целта на давање повратни информации е да се подобри ситуацијата т.е не само да се дава љубезен повратен одговор на другите, туку и да се биде во можност да се прими. Доколку сме отворени за конструктивна критика прифаќаме дека може дури и да имаме корист и да се подобриме со негова помош.
Емоционалната интелигенција и психотерапијата
Здравото живеење е само по себе креативно прилагодување, континуирана модификација во изнаоѓање на најдобар начин човекот да сес ретне со сопствените променливи потреби и приоритети и исто така да се најде најдобро согласување помеѓу нашите потреби и потребите на другдругиот, околината. Идеално, овој процес е тековен и континуирано променлив како што се менуваат условите во полето.
Животот во свет на ексцеси и постојани промени може да биде многу голем предизвик за
личност која не е навикната да се справува со сопствените емоции и чувства. Светот полн со
стимули е способен да генерира многу чувства и сензации со кои повеќето луѓе не знаат како да се
справат. Психотерапијата несомнено може да ви помогне да живеете подобро во секојдневниот
живот бидејќи нејзината цел е да им помогне на луѓето да ги решат емоционалните проблеми што
се чувствуваат во текот на нивниот живот, да им помогне да развијат самоспознавање, што
овозможува да бидат поподготвени за нијансите на животот.
Поминуваме низ многу промени во расположението и осцилации во текот на деновите, Ако
внимателно го разгледате развивањето на самосвеста ќе ги зголемите вашите внатрешни ресурси
за справување со овие нијанси. За некои луѓе е многу тешко да се справат со емоциите, а оваа
тешкотија се случува затоа што ги игнорираат сопствените емоции. За да се разберете себе си
потребно е време и посветеност, а помош од професионалец може да ја олесни оваа потрага за
развој на внатрешни и надворешни вештини за справување со светот.
Нормално е во текот на животот луѓето да бараат за нивните ставови и емоции. Придружена со
психотерапија, оваа рефлексија и промена станува попрецизна и поефективна. Психотерапијата се
применува преку дијалози и разговори за емоционалните аспекти, користејќи различни пристапи,
врски сосрушете одредени внатрешни концепти, зголемувајќи го сопствениот поглед на самиот
живот, со што ни овозможува да станеме поотворени за настани за време на нашето патување
овде на земјата. За да создадеме нова смисла на животот, неопходно е да погледнеме внатре со наклонетост. Заземањето став на гледање во себе може да ни помогне давидиме вредни внатрешни ресурси, зголемувајќи ја свеста за себе. Со тоа прифаќање на сопствените разлики, нашите ограничувања, нашите стравови и несигурности, че ни дадат повеќе сила да се развиваме.
Ова е резултата на самоспознавање, што ни дава повеќе сила да се справиме со нашата рутина и нашата самопочит со што нашата самодоверба има тенденција да се зголемува, како што почнуваме да ги прифаќаме нашите слабости и да ги цениме нашите квалитети. Набљудувањето од професионалец ќе ви помогне да ја прошитите вашата виззија за ебе, зголемувајќи ја можноста за внатрешни ресурси за справување со предизвиците и аспектите на животот. Со поголема ефикасност во процесот на самоспознавање, ќе ги зголемите шансите да имате поголема благосостојба во важни област од животот, како што се односите, работата, семејството и вашиот сопствен однос со себе. За оние кои бараат подобрување и длабоко самоспознавање, психотерапијата служи како водич меѓу толку многу мисли и емоции. Во текот на животот човекот е способен да акумулира многу учења и концепти создадени за нештата, луѓето и светот.

Користена литература:
-Emocionalna inteligencija, Danijel Goleman, Nova knjiga, Podgorica,
-https://www.RVPAPERS.COM-Jeniffer Sherman, Sto e psihoterapija? Za sto e toa, pristapi, pridobivki I
poveke!
-https://www/fakulteti.mk/news/ 16-08-05/emocionalna inteligencija-socijalnite vestini koi ne gi ucite
na uchilishte
-https://www.omnia.mk/emocionalna zrelost
-https://www.blogdepsicologia.com.mk/emocion/Mart 19, 2015

Автор: Билјана Колевска – студент во едукација за Гешталт терапија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top