Пон - Саб 11:30 - 19:30

Еве како стресот и воспалителните процеси во телото се поврзани

Истражувањата покажуваат дека стресот доведува до влошување на здравствената состојба и може да предизвика кардиоваскуларни болести, реуматоиден артритис, депресија, дијабетес, невродегенеративни болести, рак и др.

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5476783/

Ова е линкот од една од многуте статии поврзани со научни истражувања кои докажуваат дека постои јасна поврзаност помеѓу стресот и многу сериозни здравствени потешкотии кај човекот.

Според резултатите добиени од студијата, може да се заклучи дека воспаленијата во телото се поврзани со стресот.

„Хроничното воспаление е суштинска компонента на хроничните болести“, напишаа авторите на ова истражување.

Според д-рАлка Гупта, кодиректор за интегративно здравје на Институтот Weill Cornell Medicine во Њујорк, кога луѓето учат како да го намалат стресот со која било форма – совети за управување со стресот, психотерапија, индивидуални совети, јога, длабоко дишење – постои евидентно намалување на воспалителните процеси во телото.

Што се случува во вашето тело кога сте под стрес?

Кога сте под стрес – емоционално, психички или физички – вашето тело оди во она што колоквијално се нарекува рекација на „бори се-или-бегај“. Стресот предизвикува лачење на хормонот на стрес – кортизол, вели д-р Гупта. Кортизолот има функција да ги потисне несуштинските функции при итен случај, како што се вашиот имунолошки одговор и варењето. При тоа се лачат и други хормони кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, а со тоа ја зголемуваат енергијата во мускулите. Исто така, тие го инхибираат производството на инсулин и стеснувањето на артериите, што го принудува срцето да  ја пумпа крвта посилно и на тој начин не подготвува да можеме да одговориме на стресната ситуација.

Воспалението е одговор на телото на закана, без разлика дали станува збор за надворешен напаѓач како бактерија или вирус, рак, трансплантиран орган (кој телото го гледа како „туѓ“), па дури и психолошки или емоционален стрес. Како одговор, имунолошкиот систем испраќа армија од хемикалии, наречени проинфламаторни цитокини, за да ги нападне напаѓачите.

Што се случува при воспаление во телото?

„Помислете на воспалението како „однесување при болест“, вели д-рМадукар Триведи, директор на Центарот за истражување на депресија и клиничка нега во UT Southwestern Medical Center во Далас. Воспалението, вели тој, „предизвикува вашето тело да се однесува грипозно, дури и во отсуство на вирусот на грип“.

Проинфламаторните цитокини обично ја вршат својата работа и потоа исчезнуваат, но кога стресот е хроничен, тие се „регулирани“ во вашиот систем – што значи дека телото се навикнува на континуиран циклус на стресот и инфламаторен одговор, објаснува Гупта. Со текот на времето, овие цитокини може да станат постојано присутни во телото. Токму тогаш воспалението почнува да предизвикува штетни ефекти врз телото. Постојат многу механизми одговорни за појава на болестите, но за сите нив е заедничко континуираното долготрајно постоење на воспалителен процес.

После сите овие научно докажани факти, јас искрено се прашувам дали некој од нашиве лекари ќе се охрабри да се откаже од препишување на антибиотици?

До кога денешниве лекари ќе бидат насочени само кон санирање на последиците!?

Ќе има ли конечно расположение за превенција?

Автор: Розета Паскали

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top