Пон - Саб 11:30 - 19:30

Гешталт психотерапија – холистички пристап

Алтернативен поглед на светот

Гешталт психотерапевтите обично се луѓе со алтернативен поглед на светот, неоптоварени со конвенционални пристапи, табуа и норми, луѓе кои не се кријат зад институциите и професиите, не манипулираат со угледот и не се кариеристи. Тие не се осудувачки и крути, туку флексибилни и во добар контакт со себе. Гешталт психотерапевтите се многу прилагодливи, имагинативни, отворени и слободоумни. Тие се подготвени за вистинска средба со клиенти. Гешталт психотерапијата бара посветеност и „гешталт“ начин на живот.

Долгогодишна работа на себеси

Гешталт психотерапевтот поминува низ образование во кое практично со години работи на себе и на своите проблеми. На овој начин, гешталт психотерапевтите стекнуваат непосредно и лично искуство, се запознаваат себеси и го негуваат своето битие, како главен инструмент со кој дејствува психотерапевтот.

Гешталт психотерапијата има свои корени во психоанализата и е наследник на неисцрпната ризница на психоаналитички искуства. Таа има развиено ефективни начини за тоа како да са запознаеме себеси и да станеме свесни за несвесната динамика. Овие начини се засноваат на работа во овде и сега, тие се многу искуствени и непосредни. Гешталт терапијата ги интегрира традиционалните учења и филозофии на Истокот (будизам, зен будизам, јога, медитација). Се заснова на филозофијата на егзистенцијализмот и ги достигнува височините на автентични духовни искуства.

Холистички пристап

Гешталт психотерапијата се заснова на филозофијата на целина (холизам) и рамнотежа, така што природно го интегрира најдоброто од другите психотерапевтски насоки (психоанализа, телесна психотерапија, трансакциска анализа, психодрама, системска психотерапија, арт терапија, терапија со движење). Во рамките на гешталт психотерапијата, искуствата, знаењата и техниките на сите овие моќни психотерапевтски насоки се интегрирани, проткаени и асимилирани.

Гешталт психотерапијата е единствена и неповторлива за секој пар клиент-терапевт. Во бескрајното изобилство на потенцијали што ги нуди Гешталт терапијата, клиентот и терапевтот заедно откриваат и создаваат единствена формула за секој поединечен клиент.

Автор: Розета Паскали

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top