Пон - Саб 11:30 - 19:30

Адолесценција

Психотерапија и селф во настанување

Зборот адолесценција потекнува од латинскиот збор adolescere ,што значи „да порасне“,тоа е преодна фаза на физички и психолошки развој кој генерално се случува во периодот на пубертетот кон законската зрелост (полнолетство).На адолесценцијата се гледа како на преоден период меѓу детството и возрасното доба,чија културна цел е подготовка на децата за возрасните улоги.

Адолесценцијата е фаза на растење и созревање на детето која се карактеризира со многу промени, како за самиот адолесцент, така и за неговото опкружување. За детето да стане возрасна личност, самостојна и одговорна индивидуа, мора да помине низ многу промени (телесни, емоционални, сексуални, психосоцијални и когнитивни) и мора на најдобар можен начин да ги интегрира во својот идентитет.

Во текот на промените кои се случуваат во самиот адолесцент, доаѓа и до промени во односот со родителите, врсниците и авторитетите. Во интеракција со лицата кои ги опкружуваат тие ги преиспитуваат своите вештини, го откриваат емоционалниот свет, ги утврдуваат своите вредносни системи и градат уверувања за себе и за светот кој ги опкружува .

 Периодот на адолесценција е многу важен. Главна задача од оваа фаза на развој е осамостојување на детето, психолошко одвојување од родителите, но и истражување на сопствените способности и својот идентитет. Нивната доминантна потреба е да се одвојат од детскиот свет и да влезат во светот на возрасните. Гешталт теоријата од повеќе причини е прикладна за занимање за природата на процесите кои можат да се посматраат во текот на адолесценцијата. Гешталтистичкиот теориски пристап заснован е на моделот на полето, кога станува збор за човечкото искуство и однесување. Сите човечки психолошки феномени можат да се разберат во оквирот на динамичката интеракција на организмот или личноста и неговата средина.

Според Гешталт, контакт е „функција на границата помеѓу организмот и неговата средина“ , а границата во тој контекс се однесува на процесите на меѓусебнаповрзаност . Овие процеси ја поврзуваат личноста со опкружувањето , но истовремено и ја одвојуваат , или го разграничуваат нејзиниот селф од другите. Границата „го ограничува, содржи и штити селфот “ и истовремено му обезбедува организиционен идентитет и интегритет.Контактот со другиот не поврзува во единствено „НИЕ“ ,но и не разделува во две засебни „ЈАС“ . Границите раздвојуваат но се и место  на нашата средба.

Поимот граница ја изразува основната дијалектичка структура на самиот контакт – тоа е двострук процес : едната страна на процесот ја прави капацитетот да се здружи и спои , да се дава и прима , да се влијае на другите и да се биде под нивно влијание ,другата страна на процесот е капацитетот да се раздвои и разграничи , пружи отпор на влијанијата и да се задржи сопствената единствена и суштинска природа. Развивање на способноста за воспоставување на контакт односно создавање на граници со таков квалитет кој овозможува и соединување и одвојување е основната задача во текот на адолесценцијата. Реорганизирањето на односите со другите,развивање на интерперсонални граници на контакт и процесите кои тоа го пратат се само дел од пошироката слика на развојот во текот на адолесценцијата. Исто така во овој период акцент се става и на промените и реорганизирачките интрапсихички процеси кои се одвиваат во адолесцентот.

Според Гешталт, селфот не е лоциран ни во внатрешниот свет на приватното искуство ,ниту во надворешниот свет на интерперсоналните случувања туку во креативната ,создавачка тензија помеѓу овие две. Според јазикот на гешталт терапијата ,може да се каже дека во текот на адолесценцијата се раздвојуваат интрапсихичките граници на контактот од интерперсоналните граници на контактот ,и дека при тоа се разработува нивниот однос. Според гешталтистите единствена тема на развојот во текот на адолесценцијата е созревање на функциите на контактот и процесите поврзани за границите. Возрасните кои добро функционираат се способни за движење помеѓу внатрешниот свет на личното искуство и надворешниот свет на трансакции со другите , и тоа на начин кој го појачува нивното доживување на себе како интегрирана целина. Возрасните кои лошо функционираат ,не се способни да остварат таков контакт.

Адолесцентите кои ги мачат прашањата на созревање , имаат многу карактеристики со возрасните кои не прават добар контакт . Некои адолесценти ,обично оние кои покажуваат симптоматично acting – out однесување, ригидно ја ограничуваат својата свесност на интерперсоналните граници. Овие клиенти адолесценти ја фокусираат својата свесност на средината , на проблемите и фрустрациите кои се јавуваат во односите со другите луѓе – родителите , врсниците , наставниците. Интрапсихичките процеси остануваат воглавно ,позадински феномен кој тивко но снажно ја формира фигурата каkо свесност на интерперсоналните граници. Со овие адолесценти се работи на промена на нивниот фокус , на напуштање на проекциите кои ги прават и на обвинувањата кон другите во замена за изразување на себе си и своите чувства и себеистражувањето. Некои пак адолесценти развиваат хиперсензитивност за внатрешните искуства .Кај нив интерперсоналниот феномен најчесто тоа е семејниот феномен е невидлив оквир за појачана фигурална внатрешна свесност. Не е ретко на пример кај адолесцентите кај кои се јавуваат акутни психосоматски проблеми, да бидат многу малко или пак воопшто несвесни за болните процеси кои се одвиваат кај нив во семејството. Вакви состојби во возрасна доба можат да бидат знак на изразена психопатологија. За време на адолесценцијата ваквите состојби се важни спирали на развојното патување.

Семејството има најголема улога и претставува матрица или поле за градење на искуството и однесувањето на своите членови поготово на децата.

Според гешталтистичкиот тераписки јазик ,однесувањето и личноста на детето кои cе во формирање ,стојат во однос на семејното поле како фигура према позадина. Фигуралните одлики на детето – обрасците на однесување ,емоциите ,когнитивниот стил и друго во најголема мера се организирани од позадинскиот контекс на семејните процеси. Секое семејство создава и развива свој стил на контактирање ,а тој стил организира начини со помош на кои индивидуалното искуство и интрапсихичките процеси ќе се разменуваат внатре во семејното поле. Од овој стил на функционирање зависи дали личното искуство ќе се изразува отворено или ќе се задржува за себе ,дали ќе постои взаемно давање и земање и дали семејството ,како целина ,ќе биде способно да се движи низ циклусите на контакти на начин кој го подржува интегритетот и задоволството на неговите членови. Семејството може да биде изразено конфлуентно со нагласени зони на блискост и поврзаност , или пак изразено диференцирано , нагласувајки ја индивидуалната различност и единство на секој негов член.

Како основна ,појдовна точка за остварување на контакт , семејното поле може да ја подржува интроекцијата , кога семејните вистини и верувања се пренесуваат од родителите на децата , и кои децата ги голтаат непрежвакани , или пак семејството може да подржува активна дискусија и дијалог ,со што го охрабрува самостојното мислење. Членовите на семејството може да бидат многу експресивни и тогаш лесно да се читаат нивните чувства , или пак да бидат резервирани и со тоа склони на проекција и меѓусебно да се обидуваат да си читаат мисли. Членовите може лесно да остваруваат контакт или пак да се држат по страна и да ги ретрофлектираат импулсите за контакт кон самите себе. Семејството може да биде  со јасност во поглед на тоа што е за него важно во даден момент и да се направи потребниот контакт или пак да дефлектира и да го слабее контактот со помош на хумор или празно несуштинско зборување. Односно според Гешталт семејното поле е основата на која детето се учи како да го организира сопственото искуство и како да со него се служи во интеракцијата со другите.

Некои деца влегуваат во адолесценција со чувство за себе како вредни,занимливи,способни и потентни личности ,кои интуитивно ги завземаат границите, кои го одредуваат нивното психолошко поле внатре во семејното поле. Други деца пак влегуваат во адолесценцијата со чувство на помала вредност и видно конфузни во поглед на тоа што е вклучено а што исклучено во границата на селфот. Дали детето ке може или не да развие јасно фигурално ,доживување на селфот ,зависи од позадината која го создава доживувањето на селфот во текот на детството ,а кој се развива со години. Кога позадината на детскиот селф конфузна или аморфна ,адолесцентот може да биде принуден да прифати фигурален идентитет од околината ,пред се од своите врсници( што вклучува начин на облекување ,идеали, филозофија,музички вкус ,ставови кон авторитети и сл ). Фигуралниот процес во текот на адолесценцијата се одвива на позадината на детското искуство ,настојуваки да го измени создавајки нова посложена конфигурација.

Во теоријата на гешталт терапијата ,поимот граница на контактот се користи за да се опфати интерактивната суштина на човечкото искуство. Полстерови пишуваат дека „границата на контактот е точка на која човекот се доживува себе во релација со она что не е тој самиот , а низ контактот Јас и  Не –Јас појасно се доживуваат.Со други зборови селфот и не селфот можат да се одредат и доживеат единствено преку процесите кои се одвиваат на границите на контактот. Овие функции кои го регулираат начинот на кој личноста ѓи прима дразбите од околината и на нив реагира,истовремено служат и за формирањето на доживувањето на себе. Во секој контакт постојат два комплементарни искуствени моменти:доживување на различноста или одвоеноста , диференцираноста во однос на нешто , и доживување на поврзаноста или вклученоста во нешто . Адолесценцијата се занимава со овој комплементарен феномен : диференцирање , издвојување и преуредување на начинот на поврзување.Тинејџерот ревносно се одвојува од влијанието на семејството и создава појасни граници ,но истовремено води и битка да на нов начин оствари врска со истите личности. Трансформацијата која се случува во текот на адолесценцијата ,во суштина е трансформација на детското искуствено поврзување , на различни полиња.

 Границите како  начин на сепарирање:

-Диференцирање од семејството и родителите (ова е однесување кое е поларизирано ,некогаш низ конфликт ,некогаш на пријатен начин . Еден од најчестите начини на кои се врши оваа диференцијација е како реален чин на ритално однесување: на пример синот сака помалку време да поминува на зедничкиот ручек, или пак почесто сака да јаде со пријателите отколку со семејството ,, ќерката одбива да оди во црква, или пак не сака да оди кај баба и дедо , синот во јавност ја избегнува физичката близина со  родителите ,или оди два метра .

– Друг начин на сепарирање е кога адолесцентите стануваат таинствени, тие повеќе не сакаат да делат информации со родителите од својот секојдневен живот.  За разлика од детството кога попдршката ја добивале најинтензивно од родителите тие сега се окружуваат со пријатели за таа цел. Адолесцентите разговараат со пријателите за родителите а истото го прават и родителите и тие разговараат за нив со пријатели кои имаат деца на таа возраст. Оваа взаемно отргнување едни од други претставува развојно  значаен и здрав развоен процес на метаморфоза на полето родител – дете. Понекогаш адолесцентот упадливо ги држи родителите во незнаење за тоа што работи. Тој станува упадливо вознемирен кога од него се бара да зборува во детали ,и прашањата ги сваќа како инвазија на неговиот нов приватен имот. Овој ритуал со кој на родителите не им се дозволува да точно знаат што работи ,не е секогаш со цел  за да се скрие некоја забранета активност ( а понекогаш и е ) . Значењето на криењето има суштинско  и развојно важен мит за сепарирање во адолесценцијата. Со криењето се создава тампон зона на родителско незнаење, некоја врста на ограда зад која може да се одигра засилено ,појачано доживување на селфот. Криењето и давањето на погрешни информации служи за да ги разори и смали силите во полето меѓу родителите и децата. Дури и адолесцентите кои не прават забранети активности и се држат настрана од неволји ,понекогаш создаваат намерно уверување дека прават нешто забрането па често можеме да ја слушнеме изреката„ родителите ќе ме убијат ако знаат “ –изрека која има развојна функција на сепарација. Исто така во овој период од животот и забранетите активност се ритали на сепарација кои им се познати на терапевтите. Употребата на дрога и алкохол се примери на par exellance забранети активности,кои служат за појачување на искуството на граница меѓу себе и семејството ,или семејната подлога. Меѓутоа битно е да се знае дека и покрај сиоте овие развојни фази а и за време на истите на адолесцентите им е важно што родителите мислат за нив и како ѓи доживуваат.

– Друг значаен израз на креирање на граници е доживувањето на јаз помеѓу генерациите . Јазот е нарочито упадлив кога адолесцентот ќе се најде во криза ,или кога му е потребна поддршка – например кога таа или тој ќе станат жртва на врсничко насилство. Терапевтите изјавуваат дека имале клиенти кои биле спремни да извршат самоубиство но не и да го споделат проблемот со возрасните.Ова искуство на јаз ,и акутните чувства кои го пратат се одраз на егзистенцијалната развојна реалност која е во позадината на адолесценцијата. Адолесцентите често се чувствуваат изолирано и осамени ,не затоа што се невротични ,и не нужно затоа што поддршката им е недостапна ,туку затоа што нивната сепарација им е водечки импулс.

– Покрај издвојувањето од семејството ,адолесцентите исто така се ангажирани на задачата за диференцирање на себе од светот на возрасните воопшто.  И на ова поле испробуваат и ги тестираат новите граници во искуството на сопствениот селф. Па некои експериментираат со стилот на облекување, со фризурите , стават пирс . Па честопати сето тоа им служи како ограда која им овозможува чувство на контрола. Нивната појава и нивните склоности предизвикуваат збунетост и гласно чудење меѓу возрасните а сето тоа е во функција на создавање искуство на различност и поставување граници.

– Една од карактеристиките кои се показател на изградбата на адолесцентниот селф е нивната вљубеност во хуморот ,па Ричард Хаблеи – антрополог пишува,, бидејќи училиштето е многу сериозно , спасот лежи во хуморот и тоа во инстинктивниот,спонтан хумор,понекогаш архаичниот импулс да се се неѓира,на се да и се одземе сериозноста , да се воспостави алтернативен систем во кој владее апсурдот “. Апсурдот во адолесценцијата како начин на разграничување и одвојување на сопствената култура од културата на возрасните, но и почеток на креирање на смислата .

– Воспоставување граници внатре во културата на врсниците , па постојат : паметнаковци , панкери , металци , рокери ,  губитници , позери и слично. Интересно е тоа што некои адолесценти понекогаш се идентификуваат со повеќе групи , се додека не го поминат овој развоен период и се запознаат до некаде себе си.

Границите како средство на поврзување – Контактот е двосмерен процес , начин на поврзаност кој воспоставува одвоеност и поврзаност во ист момент. Во текот на процесот на јачење на границите се менуваат и адолесцентите и родителите .Полето е тоа кое треба да се избори со овие тенденции и да се реконструира .

Традиционално во литературата периодот на адолесценција се дели на три фази : рана адолесценција (приблжно од 12 до 14 година ), средна адолесценција (од 15 до 16 година ) и касна адолесценција ( од 17 до 20 година ). Авторот на книгата адолеценција ,психотерапија и селф во настанување го дели периодот на адолесценција во три фази во поглед на опишување на развојните процеси кои се одигруваат во тој период повеке во поглед на функцијата отколку во поглед на временскиот распоред .

Во текот на адолесцентниот развој ,границата на контактот поминува низ три еволутивни фази ,кои се карактеризираат со специфично органозациско достигнување.

Прва е фазата на разградување во која што фигурален процес е диференцирање од детството и засилување на границите меѓу генерациите. Прва задача од адолесцентниот развој не е реорганизација на селфот како посебна целина , туку реорганизација на интерперсоналното поле како место за експериментирање . Во оваа фаза се поставува сцената на која ќе се одигра адолесцентниот развој односно се менуваат интерперсоналните граници на контактот и процесите на начин да интрапсихичките појави и созревањето станат возможни. Конфликтите кои се јавуваат во оваа рана фаза на адолесценција се конфликти со другите . Непријателите во оваа фаза обично ѓи содржат слабо развиените или отуѓените делови од селфот.

Втората фаза е фазата во која се продлабочува внатрешниот живот , искуствено признавање на сопствените делови и нивно присвојување , како и феноменолошко зајакнување на приватноста на селфот. Тоа е фаза во која се одигруваат бурни внатрешни процеси. Во овој период во искуството на адолесцентот почнува диференцијацијата на интрапсихичкото и интерперсоналното . Индивидуата почнува да ја доживува разликата меѓу внатрешното, лично искуство од надворешниот свет и социјалните врски.

Третата фаза е фаза на интеграција во која што целта е фигурирање на стабилна организација на интрапсихичкото и интерперсоналното искуство и грубо вобличување на стилот на интегрирање на диференцирачките и спојувачките димензии  на контактот . Во оваа фаза се случува промена и премин од развојните задачи на воспоставувањето на селфот кон егзистенцијалните задачи на животот . Ова е фаза кога формирањето на идентитетот станува фигура и основна мерка на развојното достигнување . Дали личноста има стабилно чувство за тоа кој е и што станува? Дали тој или таа имаат чувство за сексуалниот идентитет ? Дали има свое мислење во поглед на натамошното образование и професија ? Дали на светот гледаат како на место во кое можат да го пронајдат својот пат ? Се се сведува на нешто фундаментално : дали адолесцентот успеал да стекне власт над селфот, дали самостојно врши избори во егзистенцијална смисла за сопствениот живот ? Зрелиот контакт вклучува двостран квалитет на спојување и одвојување . Тоа подразбира дека личноста е способна да ѓи задржи своите граници , но и да ѓи „ олабави “ како би можела да дава и да прима од околината. Ова формулација представува гешталтистички еквивалент со Фројдовото прочуено тврдење дека човечкиот развој е на врвот кога личноста е во состојба „ да сака и да работи “. За гешталт терапевтите способноста за љубов и работа е овозможена и задоволителна со воспоставувањето на капацитет за диференциран контакт. Она што зрее во текот на адолесценцијата е границата на контактот која го дефинира селфот и истовремено го организира неговиот однос со околината.

Автор: Мери Кузманова – студент во едукација за Гешталт терапија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top