Пон - Саб 11:30 - 19:30

Промоција на збирка есеи и трудови за Гешталт филозофијата

На 30.11.2024 година се одржа промоција на збирката есеи и трудови од областа на Гешталт Терапијата “Создавање на еден гешталт” која е автентично разбрана и напишана од Данче Велов.🌸📖🌼

“Кога клиентот успева да го изрази она што до тогаш не било изразено, тој не само што се открива на другиот, туку се открива и на себеси, исто како што и вистинскиот уметник уште подобро се запознава себеси преку сопственото дело. Самоизразувањето не е исклучиво облик на самосвесност, туку е и цел сама за себе способноста за изразување, како и самата свесност, е неминовен, составен дел од една целосно развиена личност, а со самото ова и цел на психотерапијата.
Да се изразиш, значи да ги пренесеш сопствените чувства и разбирања во своите постапки, зборови и дела – кое значи, да се реализираш сeбеси во потполна смисла на зборот – да постанеш реален сам за себе.”
-К.Наранхо (1989)

Презентери на промоцијата:
Данче Велов – автор, гешталт терапевт во едукација
д-р Розета Паскали – гешталт терапевт и тренер

Присуствуваа сите љубители на психотерапијата, Гешталт Терапијата и сите оние кои работат на сопствениот личен раст и развој и исцеление.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top