УВИД – Центарот за едукација и личен развој го најавува почетокот на Летната Школа за личен раст и развој со воведното предавање:
„Средба со себе: Вовед во Гешталт психотерапијата“
Доколку отсекогаш ве привлекувала психологијата, но не сте знаеле од каде да започнете, или едноставно сакате да се запознаете подобро со себе – ова е вистинската можност за вас.
На ова интерактивно предавање, нашите предавачи:
Д-р Розета Паскали и Данче Велов
Тие ќе ве воведат во основите на Гешталт психотерапијата – што претставува, како се применува и што можете да очекувате на патот кон подлабоко самоспознавање.
За нашите предавачи:
Д-р Розета Паскали – Професор, доктор на науки по социјална психологија и Гешталт психотерапевт. Основач и управител на УВИД – Центар за едукација и личен развој каде што ја води својата приватна психотераписка пракса како и едукацијата за идни Гешталт психотерапевт.
Данче Велов – Спиритуален учител и основач на Школата за Применета Спиритуалност НЕКСУС – Скопје. Основач, практикувач и учител на Soul Talk Reiki Ryoho®, четврта година Гешталт психотерапевт под супервизија при УВИД – Скопје и интегративен спирито-психотерапевт.
Среда | 4 јуни
18:00 часот
Бејкер Стрит – кафе & книжарница
Влез: слободен
Следете нè на Instagram и Facebook за детална програма, следни предавања и информации за пријавување на целата летна школа.
#гешталт#личенразвој#самоспознавање#летношколо#бидиовде#бидиосвестен#бејкерстрит