Време е за повеќе слобода и помалку страв. Време е да се присетите кои сте навистина. Кога секојдневно очекувате да ве направат среќни случувањата кои се надвор од вас, тогаш сте предодредени за неуспех. Предодредени сте за очајување. Вие од себеси правите жртва на околностите кои не можете да ги контролирате и сопствената состојба на радост и задоволство ја правите зависна од другите.
Трета тајна
Промената е неизмежна и не треба да и се противставуваме туку да и се предадеме. Всушност пораката на третата тајна е дека кога се спротивставуваме на промената, се спротивставуваме на природното животно тежнеење за раст, природната тенденција кон проширување. Кога и се спротивставуваме на промената во суштина се обидуваме да го запреме животот а ништо не може да биде понеприродно од тоа. Суштината на животот не се состои од тоа да се поставиме на свое место и потоа тоа да го одржуваме. Тоа не се вика живот, Тоа се вика стагнација. Тоа се вика смрт. Обидот да се одржи животот стабилен, претставува совршена формула за предизвикување на патња. Развојот и достигнувањето секогаш подразбираат превземање на ризик, скокање од една латица на друга, напуштање на зоната комфорот и макар привремен скок во непознато. Постојат два начини да се развивате и да се промените во животот: првиот е дека можете да изберете да се развивате и менувате, а вториот е дека можете да бидете приморани да се развивате и менувате.
Универзумот недвосмислено е посветен на вашиот развој. Тој нема да ве изневери. Ќе остане верен на вашата животна сврха дури и кога вие ќе се откажете.
Грешка: Стравот да скокнеме по грешка го толкуваме како недостаток на подготвеност. Стравот не е секогаш показател на неспремност. Тој едноставно значи дека сте човечко битие и не се чувствувате пријатно пред
непознатото. Вистина: доколку чекате да исчезне вашиот страв пред да појдете кон промена, веројатно вечно ќе чекате.
Грешка: Недостатокот на самодоверба да тргнеме кон промена, грешката ја толкуваме како знак дека се уште не сме подготвени. Недостатокот на самодоверба произлегува од чињеницата дека тргнувате во опасен поход на нова територија. Вистина: Никогаш нема да имате вистинска самодоверба да направите нешто, се додека тоа всушност не го направите.
Грешка: Се криеме од страв да направиме промена така што на себеси си велиме дека не е добар моментот сега да скокнеме. Менувањето секогаш ве приморава да ја напуштите својата зона ан конфор и затоа никогаш нема да имате чувство дека моментот е добар за превземање на ризик. Вистина: Дури кога ќе ја најдете храброста да направите промена и ги доживеете нејзините благодетеи ќе имате чувство дека моментот е добар, бидејќи тогаш конечно нема да чувствувате страв.
Грешка: Кога се плашиме да направиме промена, се залажуваме себеси со верувањето дека и онака не сакаме ништо да менуваме. Вистина: Секогаш ќе се сомневате во исправноста на новиот пат се додека не увидите каде тој ве води.
Потребно е да научиме како да се сприајтелиме со непознатото. Просторот помеѓу старото и новото е место со голем потенцијал и голема моќ. Но тоа е и место на кое можете да се соочите со своите најголеми стравови.
Ослободувањето од она што веќе не ни служи, ја отвора вратата за прием на нови дарови кои животот ги чува за нас. Кога ќе сфатиме дека промената во природата на животот можеме да престанеме да се спротивствауваме на неизбежните промени, на големите и малите и да научиме да се предадеме на
природниот тек на нашиот внатрешен и надворешен свет.
Кога своите препреки ги сметаме исклучиво како непожелни, тогаш си оневозможувате на себеси да ги научите скриените лекции кои тие во себе ги носат. Најмногу се развиваме во тешките, а најмалку во добрите времиња.