Пон - Саб 11:30 - 19:30

Време е за зголемување на радоста и намалување на патењето – прва тајна

Време е за повеќе слобода и помалку страв. Време е да се присетите кои сте навистина. Кога секојдневно очекувате да ве направат среќни случувањата кои се надвор од вас, тогаш сте предодредени за неуспех. Предодредени сте за очајување. Вие од себеси правите жртва на околностите кои не можете да ги контролирате и сопствената состојба на радост и задоволство ја правите зависна од другите.

Се што ви е потребно да бидете среќни се наоѓа во вас. Што оваа реченица навистина значи? Значи дека клучевите за сопствената среќа веќе ги поседувате. Вашата внатрешна состојба одредува дали сте среќни или не, а не она што се случува околу вас. Со истиот чудесен феномен се среќавате секојдневно. Не е во ред тоа што очекувате моќта да стигне од надворешните работи, а суштината е дека вистинската снага лежи само внатре во вашата свест. Еве едно чудесно и радикално откровение за една од животните тајни:

Доколку сте среќни, среќни сте поради она што се одигрува во вас. Доколку сте тажни, тажни сте поради она што се одигрува во вас. Целиот ваш свет се одигрува внатре во вас. Среќата претставува одлука која ја донесувате во однос на тоа како ќе ја доживеете некоја ситуација. Таа не е нешто што од надвор ви се дава. Таа доаѓа од внатре. Исто така, и несреќата не е нешто што се наметнува од надвор. И таа претставува избор кој самите го правите. Вие сте личноста која има најмногу влијание на сопствениот живот. Вие одлучувате дали ќе
бидете среќни или несреќни поради тоа што го доживувате.

Ништо не може да ве усреќи без ваша дозвола. И ништо не може да ве унесреќи без ваша дозвола. Тоа е значењето на првата тајна. Се што ви е потребно за да бидете среќни се наоѓа во вас. Вие веќе ја поседувате моќта да одлучите дали ќе бидете среќни или несреќни. На тој начин и вие во секој момент самите создавате свој рај или свој пекол, задоволство или очај. Никој никогаш неможе да ве попречи да доживеете среќа и екстаза. Вие самите себеси си го оневозможувате тоа така што доживувањето на екстаза го правите зависно од другите. Еве што е возбудливо кога е во прашање првата тајна. Единствено што не е во ред со вас: тоа е фактот дека не сфаќате дека со вас се е во ред и дека ништо важно не ви недостасува. Тоа што е внатре не треба да го поправате, туку само да го препознаете и да го разберете. Првата тајна зборува за тоа дека кога ќе научите како да пиете од сопствениот бунар на внатрешната радост, тогаш ќе почнете да ја доживувате сопствената снага која никогаш не би ја создале низ било какво надворешно достигнување или околност. Но, секој пат кога ќе ги доживеете тие чувства ќе се сетите на својот дворец, бидејќи баш како што и натписот на кутијата ветувал, мојот магичен дворец ми помогна да научам како да ги остварам своите соништа, своите најголеми соништа. Ме научи дека смислата на животот е во тоа да се запознаам себеси и дека на светот не доаѓам како готов производ.
Ме научи дека смислата на животот не е во тоа да направам да изгледа совршено се што е околу мене, туку покрај судбинските случувања кои ме учат на трпение, храброст и самоприфаќање, да се развивам одвнатре.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Scroll to Top